Митови и вистини за слип апнеа
Опструктивната слип апнеа е сериозна состојба која се јавува во текот на спиењето. Лицата со опструктивна слип апнеа имаат ризик од развој на агресивна форма на атеросклероза, а доколку не се лекува, може да доведе до фатални последици. Исто така ова нарушување во сонот може да доведе неправилни отчукувања на срцето, хипертензија, па дури и срцев удар. Раното откривање и навремената дијагноза може да го намали ризикот од компликации.
Мит: Апнеата претставува 'рчење.
'Рчењето може да биде симптом, но постои голема разлика помеѓу двете. Луѓето со опструктивна слип апнеа имаат прекини во дишењето и до 400 пати во текот на ноќта. Овие паузи, кои траат од 10 до 30 секунди и се проследени со `рчење, го нарушуваат сонот, пациентите се будат исцрпени и чувстуваат замор во текот на целиот ден.
Мит: Апнеата не е сериозна состојба.
Постојаното будење во текот на ноќта поради прекини во дишењето, може да остави трајни последици врз телото и умот. Доколку оваа состојба не се лекува, последиците можат да бидат многубројни: од повреди на работното место, сообраќајни несреќи до срцеви и мозочни удари.
Вистина: Апнеата го спречува протокот на воздух и го попречува дишењето.
Апнеата е најчесто нарушување на сонот. Настанува кога јазикот, крајниците или друго меко ткиво ги блокира дишните патишта. Кога пациентот се обидува да вдише, воздухот не може да помине. Ова се нарекува опструктивна апнеа. Централната апнеа се јавува поретко, и се јавува кога мозокот не му дава сигнал на телото да дише.
Мит: Апнеата се јавува само кај постари лица.
Апнеата како нарушување најчеста е кај лица по 40. година, но може да се јави на било која возраст. Лицата со вишок килограми како и мажите имаат поголем ризик. Исто така ризик од слип апнеа имаат лицата кои во семејството има член кој го има ова нарушување.

Мит: Алкохолот помага да спиеме подобро.
Чаша алкохол може да помогне полесно да заспиете, но нема да имате квалитетен сон. Алкохолот ги релаксира сите мускули, вклучувајќи ги и оние во задниот дел од устата. Ова може да доведе до блокирање на дишните патишта. Истиот ефект го имаат и таблетите за спиење.
Мит: Апнеата ретко се јавува кај деца.
Апнеа се јавува кај 1 од 10 деца. Во повеќето случаи, симптомите се благи и обично брзо поминуваат. Сепак, некои деца може да развијат сериозни медицински состојби.
Вистина: Со губење на вишокот килограми може да се лекува апнеата.
Со намалување на телесната тежина може да се намалат симптомите од слип апнеата.
Вистина: Спиењето на страна може да помогне.
Ако спиете на грб, гравитацијата ќе го повлече мекото ткиво надолу во усната шуплина, блокирајќи ги вашите дишни патишта.
Вистина: Треманот со CPAP апарат има резултати.
Апаратот се состои од мали турбини кои создаваат позитивен притисок кој струи преку маската на лицето на пациентот. На овој начин дишните патишта постојано се отворени. Се работи за софистициран апарат кој работи бесшумно и е удобен за пациентите. После неколку ноќи со апаратот пациентите се будат наспани, им се подобруваат конгнитивните функции (памтење и концентрација) и им се нормализира крвниот притисок. Доколку апаратот редовно се користи, се намалува ризикот од мозочен и срцев удар и зголемен крвен притисок.