×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кои се најчестие деформитети на стапалата?

Кои се најчестие деформитети на стапалата?

Една четвртина од коските во човековото тело се наоѓаат во стапалата. Во стапалата има 33 зглобови и повеќе од 100 мускули, тетиви и лигаменти. Во просек тие прават околу 5000 чекори секој ден.

Деформитетите на стапалата се многу чест проблем. Како последица на деформитетите во овој дел од телото, се нарушува рамнотежата на скелетот и може да се јават болки во колковите, грбот и колената.

Рамно стапало

Ова е многу чест деформитет каде што сводот на стапалото е спуштен и доаѓа до проширување на предниот дел на стапалото. Рамно стапало може да се јави како последица на дебелина, прекумерено оптоварување при спортски активности како и поради слаб тонус на мускулите на стапалото. Често се манифестира со  болка при оптоварување на стапалото, одење и стоење и обично исчезнува при мирување.  

Закосено стапало

Овој вид на деформитет обично е карактеристика на доенчиња. Може да се јави на едно или на двете стапала. Се карактеризира со израмнување на надолжниот лак на стапалото и свиткување на стапалото кон внатре при одење (изгледа како буквата С). Во повеќето случаи овој деформитет се корегира сам по себе.

Канџесто стапало

Канџестото стапало е деформитет со карактеристики спротивни на рамното стапало. Настанува испакнување на надворешните и внатрешните надолжни лаци на стапалото. Со тоа доаѓа до оптоварување на петата и предниот дел од стапалото. Канџестата нога може да биде наследна или да се јави како последица на парализа или оштетување на нервите на стапалото. Кај овој вид на деформитете најчесто не е потребен третман, но може да предизвика болка и да резултира со појава на други нарушувања.

Шилци во пета

Шилец во пета е појава на коскен израсток на петата. Се карактеризира со болка во петата, особено наутро при првото згазнување. Како резултат на тоа може да дојде и до воспаление на плантарната фасција. Доколку оваа состојба не се лекува може да доведе до отежнато одење. Причини за појава на шилец во пета може да бидат тесни обувки, дебелина, прекумерно оптоварување за време на спортување или долги периоди на стоење.