×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Потење и физичка активност

Потење и физичка активност

За време на тренинг, при интензивна физичка активност, стресни ситуации и при повисоки температури, телото се лади преку потењето. Потта се состои од вода (H2O)  и сол (Na+). Потребна е добра хидратација за телото да може да ја регулира телесната температура. За време на тренинг ако телото не е добро хидрирано, освен што ќе се јават мачнини, телото нема да може правилно да ја регулира температурата. Истото важи и за надополнување на изгубената хидратација после тренинг. Ако не се компензира загубата на пот со доволно внесување на течности, особено за оние кои имаат интензивна физичка активност, може да се појави хипохидрантна состојба и зголемување на телесната температура. Бидејќи потта е составена од вода и сол покрај внесување на поголеми количини вода, потребно е да се внесуваат пијалоци со електролити и внимателно внесување (по можност Хималајска сол) сол во оброците.

Типови на потни жлезди

Во телото постојат два типа на потни жлезди. Едните се одговорни за ладење на телото кога телесната температура се зголемува. Тие се наоѓаат на целото цело и се отвараат директно на површината на кожата, што овозможува потта да излезе и ефект на ладење. Другиот тип на жлезди се наоѓаат во пазувите и во делот на препоните, делови во кои се концентрирани поголем број на фиоликули на влакна. Овие поттни жлезди се исто така поттикнати од зголемена телесна температура, но се активираат и за време на стрес или хормонски промени. Оваа пот е поладна и се меша со бактерии на кожата што создава непријатен мирис.

Количина на пот

Количината на пот зависи од телесната тежина, пол, ниво на физичка активност, возраст, климатски услови, па дури и генетиката. Лицата со прекумерна телесна тежина полесно се потат, бидејќи користат поголема енергија потребна за одредена физичка активност. Исто така лицата кои редовно вежбаат се потат побрзо, за разлика од лицата кои не се физички активни, бидејќи телото е паметно и е подготвува да се лади додека трае тренингот.

КОРИСНИ СОВЕТИ

1. Доволна хидратација – Повеќето луѓе се хронично дехидрирани. Затоа е потребно редовно да се внесува доволно вода и да се следи правилото 30мл на килограм телесна тежина дневно. Доколку се вежба повеќе од еден час дневно, треба да се испијат дополнителни 0,5 литри вода за вежби со умерен интензитет, 1 л за вежби со висок интензитет и 1.5 литар за вежби со многу висок интензитет. Она што е најважно, треба да се пие вода и кога не се чувствува жед. Чувството на жед е всушност првиот сигнал на вашето тело дека му треба вода.

2. Отстранете ја шминката – Пред вежбање потребно е да се отстрани шминката и лосионот кој е нанесен во текот на денот. Тие може да ги затворат порите и да спречат телото да се излади како што треба. Затворените пори (особено на лицето) за време на тренинг може да предизвикаат создавање на мозолчиња или црнки.

3. Облека – Не смее да се користи облека која е непропустлива. Ќе го спречи потењето и потта ќе мириса  повеќе. Треба да се носи соодветна опрема за тренинг.