×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што се случува додека спиете?

Што се случува додека спиете?

Во минатото се сметало дека луѓето во текот на спиењето се ментално неактивни. Но подоцна е утврдено дека ова не е точно. Сонот е активна состојба со ритмички тек и содржи две различни нивоа-REM состојба и не REM (non REM).

Длабок сон- Сонот започнува со не REM составен од 4 фази и секоја е подлабока од претходната.

  • Транзиција кон сон трае околу пет минути. Очите се движат бавно под очните капаци, активноста на мускулите се намалува и лицето лесно може да се разбуди.
  • Лесен сон трае 10-25 минути, очите не се движат, се намалуваат срцевите отчукувања и се намалува температурата на телото.
  • Длабок сон, будењето е потешко, но доколку лицето се разбуди не може веднаш да се прилагоди и неколку минути е дезорјентирано. Во фазата на длабок сон мозочните бранови се екстремно спори. Протокот на крвта кон мускулите е контролирано од мозокот со тоа што се обновува физичката енергија

REM сон (сонување) – Околу 70 до 90 минути откако ќе заспиеме настапува REM сон кога почнуваме да сонуваме. Очите почнуваат брзо да се движат напред назад зад очните капаци, дишењето е плитко а срцевиот пулс и крвниот притисок се зголемува. Исто така во оваа фаза, рамената и мускулите на нозете се парализирани.

Циклуси на спиење – Секој човек 3-5 пати во ноќта поминува низ сите фази на спиење. Првата фаза на REM може да трае само неколку минути, но се зголемува околу половина час со секој нов циклус. Фазата на длабок сон има тенденција да се намалува со секој нов циклус. Доколку, поради било која причина, не се влезе во REM фаза телото ќе се обиде да надокнади следната ноќ. Сеуште не е докажано зошто телото се обидува да надокнади следната ноќ.

Температура на телото – Температурата на телото паѓа за неколку степени и е најниска 2 часа пред будењето. Во РЕМ фаза мозок го исклучува „термометарот“ на телото. Тогаш топлината или студот во спалната соба повеќе влијае. Затоа се препорачува после будење да се направат лесни вежби за да се подигнете температурата.

Дишење – За време на длабок сон дишењето е побавно и со рамномерен ритам. Кога ќе се влезе во РЕМ фаза дишењето станува побрзо и со нерамномерен ритам.

Пулс – Во фаза не-РЕМ се намалува пулсот и крвниот притисок, што овозможува срцето да се одмори и рехабилитира. Но за време на REM фаза овие стапки се забрзуваат.

Мозочна активност – Кога ќе се затворат очите почнува не-РЕМ сон, каде клетките на мозокот се смируваат од дневните активности. Во REM фаза повторно се активираат и нивната активност е еднаква на таа во будна состојба.

Сонување – Иако за сонувањето се зборува илјадници години, сепак сеуште е мистерија. Не е јасно што го предизвикува сонувањето. Најактивно е во REM фаза. Ноќните кошмари се случуваат во подлабоки состојби на спиењето кога луѓето изгледаат како да се будни и извикуваат во страв и паника.

Време за рехабилитација – За време на длабок сон, телото ги рехабилитира мускулите, органите и другите клетки. Исто така се зајакнува и имунолошкиот систем. Во младоста 1/5 од спиењето е во длабок сон, со стареењето тоа почнува да се намалува и над 65 годишна возраст може да го нема.

Мозочно стебло – Оваа област игра клучна улога во многу делови од спиењето. Хипоталамусот помага во процесот на заспивање и будење. Заедно со мозочното стебло создаваат материја, наречена GABA која ги задушува „центрите за возбуда“ кои можат да го попречат спиењето. За време на REM фаза мозочното стебло испраќа сигнали кои привремено го парализираат движењето на телото, рацете и нозете. Тоа го спречува движењето додека се сонува.

Хормонска симфонија – Телото создава повеќе хормони додека се спие. На пример, нивоата на хормон за раст се зголемуваат, а кортизолот, кој е поврзан со стресот се намалува. Некои научници сметаат дека несоницата може да биде поврзана со пореметување на лачењето на хормоните во телото.