×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кислородна терапија во домашни услови. Што е потребно да знаете?

Кислородна терапија во домашни услови. Што е потребно да знаете?

Во атмосферскиот воздух има 21% кислород, концентрација која е доволна за здрав организам. Кај белодробни заболувања и други медицински состојби, кои што го засегнуваат дишењето, потребна е поголема концентрација на кислород. Најчесто кислородна терапија во домашни услови е потребна при: астма, хроничен бронхитис, срцева слабост, ХОББ, цистична фиброза, емфизем, пневмонија…

Колку кислород е потребен?

Лекарот препишува која количина на кислород е потребна во минута. Кислород може да се добие на два начина, преку кислородна боца или апарат.

Кислороден концентратор е апарат кој го зема амбиенталниот воздух, го прочистува, концентрира и испушта. Овој апарат има мотор и работи на електрична енергија. На концентраторот има тркалца што овозможува лесно да се преместува од една во друга просторија.

Кислородна боца е резервоар за течен кислород. Под висок притисок кислородот се компресира и станува течен. При испуштање тој повторно се претвора во гас кој се вдишува. Боцата е потешка и не е практична за поместување. Потребно е боцата да се полни на одреден временски период.

Каква маска е потребна?

Постојат два типа на маски:

Назална канила се состои од флексибилна цевка што се поставува под носот. Цевката има две носни цевчиња кои влегуваат во внатрешноста на ноздрите. Цевката се прикачува позади ушите и се поврзува со изворот на кислород (кислороден концентратор). Најчесто се користат за испорака на помали количини на кислород. Со нив може да се испорача кислород од 24 до 40% со проток помеѓу 1 и 6LPM.

Маската за лице пак се поставува на лице и овозможува да се внесе кислород низ уста и нос. Странично на маската им два отвори кои овозможуваат да излезе јаглерод диоксид што се ослободува при издишување. Маската преку еластична врвка се прицврстува зад главата, а другиот крај е поврзан со извор на кислород. Маската за лице може да испорача поголема концентрација на кислород од 40 до 60% со проток помеѓу 10 и 12LPM, што ја прави погодна за користење на повеќе кислородни концентратори.

Одржување на концентратор во домашни услови:

  • На одреден временски период треба да се внимава дали има дестилирана вода во специјалната чашка, за да се спречи сувост во слузницата од носот и устата.
  • Концентраторот да биде сместен во просторија во која нема влага.
  • Да биде поставен минимум 1,5 метар од извори на топлина и отворен пламен за да се спречи пожар.
  • Просторијата во која е ставен концентраторот треба редовно да се проветрува минимум три пати дневно, бидејќи концентраторот го зима воздухот од просторијата и го претвора во кислород.
  • Апаратот треба да биде поставен во дел каде ќе има минимум половина метар простор околу него за да бидете сигурни дека има непрекинат доток на воздух.
  • Во случај на дефект, треба веднаш да не контактирате за сервис на апаратот. Додека вашиот апарат се сервисира, вие ќе добиете друг апарат за да нема прекин во третманот.