Вежби за гонартоза
Вежбите за колено се дел од процесот на лекување на гонартозата. Со зајакнување на мускулите на коленото се зголемува неговата функционалност, се намалува болката и се олеснува секојдневното функционирање. Во продолжение ви даваме неколку предлози за вежби кои треба секојдневно да ги правите:
Вежба бр. 1
- Застанете исправено, пред вас ставете стол и држете се на него
- Потоа болната нога се свиткува во колено под 90 степени и задржувате
- Ногата ја враќате во првобитна положба
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 2
- Застанете исправено со рацете покрај тело
- Болната нога целосно исправена ја поместувате кон надвор и задржувате
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 3
- Застанете исправено со рацете покрај тело
- Болната нога ја свиткувате во колено под 90 степени
- Потоа свитканата нога ја свиткувате во колк под 90 степени
- Во оваа положба ја задржувате 5 секунди
- Вежбата ја повторувате неколку пати во време траење од 2-3 минути

Вежба бр. 4
- Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
- Болната нога ја исправуватее максимално во колено и заджувате 10 секунди
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 5
- Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
- Здравата нога ја ставате над болната
- Болната нога заедно со здравата ја исправате и задржувате 10 секунди
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 6
- Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
- Ставате лента со отпор прицврстена на столот и на подколенцата
- Потоа ја исправате максимално ногата и задржувате 5 секунди
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 7
- Нозете ги исправате и поставувате еластична лента (бенд луп)
- Со болната нога буткате на напред и задржувате неколку секунди
- Потоа со болната нога правите движење на назад, задржувте неколку секунди
- Потоа со болната нога правите движење на надвор, задржувате неколку секунди
- Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 8
- Легнете на под и поставете го пенестиот цилиндер под вашето колено на болната нога
- Здравата нога поставете ја преку болната нога и со рацете придржувајте се на подот
- Потоа почнете полека да се движите целосно напред назад на цилиндерот

Автор: Сашко Цветановски – физиотерапевт
За сите прашања во врска со ортопедските производи пишете ни на: [email protected]
Нашиот стручен тим од доктори и физиотерапевти ќе ви одговорат.