×

Cart

Your cart is empty.




Вежби за гонартоза

Вежби за гонартоза

Вежбите за колено се дел од процесот на лекување на гонартозата. Со зајакнување на мускулите на коленото се зголемува неговата функционалност, се намалува болката и се олеснува секојдневното функционирање. Во продолжение ви даваме неколку предлози за вежби кои треба секојдневно да ги правите:

Вежба бр. 1

  • Застанете исправено, пред вас ставете стол и држете се на него
  • Потоа болната нога се свиткува во колено под 90 степени и задржувате
  • Ногата ја враќате во првобитна положба
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 2

  • Застанете исправено со рацете покрај тело
  • Болната нога целосно исправена ја поместувате кон надвор и задржувате
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 3

  • Застанете исправено со рацете покрај тело
  • Болната нога ја свиткувате во колено под 90 степени
  • Потоа свитканата нога ја свиткувате во колк  под 90 степени
  • Во оваа положба ја задржувате 5 секунди
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во време траење од 2-3 минути

Вежба бр. 4

  • Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
  • Болната нога ја исправуватее максимално во колено и заджувате 10 секунди
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 5

  • Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
  • Здравата нога ја ставате над болната
  • Болната нога заедно со здравата ја исправате и задржувате 10 секунди
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 6

  • Седнувате на стол исправени, со рацете поставени покрај телото а нозете свиткани под агол од 90 степени
  • Ставате лента со отпор прицврстена на столот и на подколенцата
  • Потоа ја исправате максимално ногата и задржувате 5 секунди
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 7

  • Нозете ги исправате и поставувате еластична лента (бенд луп)
  • Со болната нога буткате на напред и задржувате неколку секунди
  • Потоа со болната нога правите движење на назад, задржувте неколку секунди
  • Потоа со болната нога правите движење на надвор, задржувате неколку секунди
  • Вежбата ја повторувате неколку пати во времетраење од 2-3 минути

Вежба бр. 8

  • Легнете на под и поставете го пенестиот цилиндер под вашето колено на болната нога
  • Здравата нога поставете ја преку болната нога и со рацете придржувајте се на подот
  • Потоа почнете полека да се движите целосно напред назад на цилиндерот

Автор: Сашко Цветановски – физиотерапевт

За сите прашања во врска со ортопедските производи пишете ни на: [email protected]

Нашиот стручен тим од доктори и физиотерапевти ќе ви одговорат.