Активната ортоза за скочен зглоб го штити зглобот од повторни шинувања и повреди. Ортозата е со отворена пета и прсти, што овозможува лесно поставување и дополнителна удобност при носење.
Големина | Број на чевли |
S | 35-37 |
M | 38-40 |
L | 41-43 |
XL | 44-46 |
Ортоза со отворена пета и врвки, што овозможува лесно поставување и удобно носење. Првичната стабилизација и компресија кои се постигнати со врвките се надополнети со вкрстени ленти, а флексибилните ленти поставени странично овозможуваат дополнителна поддршка без ограничување на движењето. Фиксацијата е целосна со лентата со лепенка над глуждот. Превенира дислокации на скочниот зглоб и може да се носи на двете нозе (лева/десна), препорачливо над чорапи.
Дисторзии;
Дислокации на скочен зглоб;
Руптура на лигамент.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам