Маратонот во Чикаго е остварување на мојот сон
Неговата нескротлива љубопитност за постојано истражување на нови дестинации го однесе на најголемите маратони. Со секој истрчан километар тој ги испитува сопствените граници на ментална и физичка подготвеност. Од неодамна беше дел и на маратонот во Чикаго кој е еден од 6-те најголеми маратони во светот. Стевица Чарапич, стравствен вљубеник во трчањето во продолжение ни раскажува како спортот за него стана начин на живот.
Последна трка ви е јубилејниот маратон во Чикаго 2017, кој оваа година слави 40 години. Можете ли да ги споделите импресиите како поминавте?
Чикаго е дел од светската (abbot) серија на 6-те најголеми маратони, покрај Њујорк, Бостон, Токио, Берлин и Лондон. Учеството на овие маратони не е само желба туку е процес кој подразбира учество на лотарија. Доколку ве извлечат имате право на wild карта преку учество во различни хуманитарни мисии, што ги зголемува трошоците. Учеството на кој и да е од овие 6 маратони е прашање на престиж и сон на голем дел од маратонците од целиот свет. Затоа и интересот за учество е огромен и просечно на овие маратони има 45-55.000 финансиери. Организацијата на маратоните е совршена и маратонците вообичаено уживаат одлична и масовна поддршка од домашното население, кај кои перцепцијата за нивниот допринос, кој се очекува да го дадат на вакви масовни евенти е на доста високо ниво. Така да сумирано со еден збор, чувството е фантастично. Јас истрчав со време од 4 часа 23 минути и 32 секунди, што е во рамките на моите можности и очекувања.
Од кога почнавте да се занимавате со трчање, од каде љубовта кон овој спорт?
Трчање практикувам многу одамна, можеби 20 години, со пауза од 5 години. Вообичаено практикував секојдневно трчање во должина од 5 километри, а последните 5 години започнав со трчање на долги дистанци. Љубовта кон маратоните произлезе од соништата за големи работи како и нескротливата љубопитност за постојано истражување на нови дестинации ширум светот.
На колку маратони досега имате учествувано?
Досега имам учествувано на 8 цели маратони, 10 полумаратони, 10 спринт триатлони и 1 полу ironman триатлон.
Кој е вашиот најдобар резултат?
4 часа и 20 минути.
Што е потребно да поседува еден спортист за да учествува на маратон?
Желба за испитување на сопствените граници, ментална сила, дисциплина и физичка подготвеност.
Како се подготвувате пред секоја трка?
Подготовките се континуирани во текот на целата година. Подготовките како термин би ги преформулирал како начин на живот кој не зависи од тоа дали има или нема трка на повидок. Вообичаено неделно трчам 30 до 45 километри (едно трчање е 15 километри) а пред конкретна трка малку се засилува темпото на тренинзи т.е. додавам уште едно трчање па вкупната неделна километража е од 45 до 60 километри. Дополнително практикувам и возење точак на подолги релации или пливање на базен.
Колку трчањето е корисно за здравјето и психата на човекот?
Верувам, а сите написи кои ги следам на интернет го потврдуваат тоа, дека трчањето позитивно влијае на целокупното здравје и на психичката состојба на човекот. Од една страна не извлекува од вообичаената биро-тросед дневна рутина а од друга страна самиот интезитет на вежбање не остава многу простор да се конзумираат вообичаените „пороци“ за нашето поднебје (пр. Цигари-алкохол-скара). Се разбира, треба да се внимава и тренинзите постепено да се засилуваат како би се избегнале ризиците од повреди.
Колку е важна спортската опрема за овој спорт?
Како и во секој спорт, од квалитетот на опремата во голема мера зависи и нивото на ризик од повреди а воедно и перформансите кои сакате да ги постигнете. Најбитен дел е опремата, за трчање на долги дистанци се квалитетни патики кои прават амортизација на ударите на тврда подлога, секако верувам дека со денешната напредна технологија свој допринос за подобри перформанси имаат и различните додатоци како чорапи, физиотраки за поддршка за одредени слаби точки на телото, хеланки и сл. Не би можел да коментирам каков ефект имаат разно разните суплементи и додатоци во исхраната, бидејќи во истите од сопствени причини не верувам и не ги користам воопшто.
Какво е вашето искуство со CEP (ЦЕП) чорапите?
Првиот впечаток е одличен. Тркачките се многу удобни и ногата ја чувствувам по стабилна додека трчам. Исто така и Recovery се дефинитивно полн погодок. Не знам што прават но делуваат пријатно на нозете.

