Што ви е потребно за добар сон?
Неколку фактори влијаат на добриот сон меѓу нив е секако душекот и перницата. Што е мемори пена и кои се предностите од истата ви објаснуваме во продолжение:
1. Се прилагодува на телото
Кога ќе легнете на душекот, под влијание на топлината на телото, мемори пената почнува да се прилагодува на телото. На овој начин телото добива природна положба и се ослободува притисокот врз одредени точки.
2. Поддршка на `рбетот
Душекот со мемори пена го поддржува секој дел од телото, со рамномерно распределување на тежината на површината на креветот. Се прилагодува на контурите и кривините на телото и на овој начин овозможува `рбетот да биде во рамна положба. Кај традиционалните душеци, тежината е концентрирана во областите кои доаѓаат во допир со душекот. Тука спаѓаат рамената, колковите, петите кои го носат товарот додека спиете. Затоа кога ќе се разбудите се будите со болки во телото.
3. Олеснување на болките
Со поддршка на точките на притисок, мемори пената ве ослободува од постоечката болка. Според едно истражување, лицата кои спијат на мемори пена имаат помалку болки во долниот дел од грбот, рамената и колковите. Затоа овие душеци особено се препорачуваат за лицата со артритис и фибромијалгија. Со поддршка и правилно поставување на контурите на телото, не се прави дополнителен притисок и овие лица имаат целосен комфор. Намалената болка значи подобар сон.
4. Пријатен сон во различни позиции
Без разлика која е вашата идеална позиција за спиење, мемори пената се прилагодува на секоја позиција. Лицата кои спијат на грб, мемори пената се прилагодува на грбот, што овозможува `рбетот да се релаксира. Мемори пената е идеална и за лицата кои спијат странично со поддршка на колковите и рамента во исто време `рбетот е во правилна позиција. Доколку вашата позиција на спиење е на стомак, мемори пената го подржува грбот и `рбетот и на тој начин не создава болни точки на притисок.
5. Движењето не е важно
Движењето и превртувањето во текот на ноќта, со старите душеци, значеше вознемирување на партнерот. Една од предностите на мемори пената е што ги апсорбира движењата и вибрациите и истите не се пренесуваат на другата страна од креветот.
6. Превенција од прашина и грини
Прашината и грините се неизбежен дел од животот. Ова особено важи за спалната соба, каде најголем дел од грините и прашината се концентрирани на старите душеци. Тие се безопасни но се број еден причина за развој на алергии. Во еден душек живеат од 100.000 до 10 милиони грини. Комбинација на душек од мемори пена со хипоалергенски навлаки и редовно поминување на површината со правосмукалка, можете да бидете сигурни дека спиете на чисто. Мемори пената е густа и не може да навлезат грините и да се развијат.
7. Хипоалергенски
Мемори душеците се одлични за лицата кои страдаат од алергија. Густината на мемори пената не дозволува прашината да навлезе, но исто така ги ограничува и другите алергени, како што е мувлата, да престојуваат во душекот.
8. Лесно се одржува
Мемори пената е многу лесна и едноставна за одржување. Се што треба да направите е на неколку месеци да ја поминете површината со правосмукалка.
9. Поголема трајност
Предноста на мемори душекот во одност на традиционалните душеци е и нивната издржливост. Рокот на траење е повеќе од 10 години во зависност од висината на мемори пената.
Доколку сте љубопитни како изгледа мемори пена и доколку сакате да се уверите во нејзините предности, ве покануваме да ја погледнете внатрешноста на мемори душеците во сите специјализирани продавници на Медикус хелп.