Со хељда против болки во вратот
Лушпите од хељда се надворешна обвивка на зрното хељда. Не се собираат под притисок и на тој начин овозможуваат идеална положба на `рбетот во текот на спиењето. Поради овие специфични карактеристики, перницата од хељда ги поддржува анатомските структури, но во исто време прави масажа на мускулите на вратот и делот околу рамената.
Во кои случаи перницата од хељда може да помогне?
Поради благотворните својства, перницата се препорачува за ублажување на следниве состојби:
- Болки во вратот
- Болки во мускулите на рамената
- Состојби по повреди на вратот и рамената
- Астма и алергија на домашна прашина и грини
- Главоболкa
- Мигренa
- Рчење
Високата концентрација на силициумска киселина во лушпите од хељда ја намалува можноста од создавање на бактерии (природна дезинфекција).
Што е важно?
Лушпите од хељда овозможуваат воздухот слободно да циркулира и на тој начин спречуваат потење на главата. Во лето можете да ја оладите во фрижидер пред спиење. Можете да ја загреете (на пониска температура во рерна) како додатна терапија за вкочанет врат или за пријатно спиење во текот на зимата. Досегашните искуства покажуваат дека со долготрајно користење се намалуваат или исчезнуваат болките во вратот и рамената. Ќе ви овозможи мирно да спиете и да се разбудите одморени, за разлика од стандардните перници.
100% органска хељда
Перницата е изработена од најквалитетна органска хељда и при производството не се користени хемиски препарати. Лушпата е специјално обработена, што преставува природна потпора на вратот и главата и се препорачува на сите кои имаат проблеми со спиењето. Оваа перница е идеална замена за лица кои се алергични на перници со пердуви.
Одржување
Перницата треба редовно да се протресува и најмалку еднаш месечно да се изложи на директна сончева светлина за да се проветри. Навлаката може да се пере, но пред перење треба да се извади содржината од перницата, навлаката да се испере и исуши и по враќањето на лушпите внатре повторно да се сошие. Перницата трае 5-7 години.