Хемотерапија и губење на коса
Пациентите со канцер, губењето на коса го опишуваат како вознемирувачки несакан ефект од терапијата. Секој пат кога ќе се погледнат во огледало, нивниот променет изглед е потсетник на болеста и се што доживеале со дијагнозата. Во продолжение ве советуваме како да си помогнете и полесно да го препродите овој момент.
Досега можеби не сте размислувале колку ви е важна косата, се додека не се соочите со нејзино губење за време на хемотерапија. Доколку имате канцер и се подготвувате за хемотерапија, шансите да ја изгубите косата се големи. И мажите и жените се изјасниле дека губењето на косата, како последица на хемотерапија, им преставува најголема грижа откако ја добиле дијагнозата канцер. Кога и дали ќе ви падне косата зависи од типот и колку третмани треба да примите.
Зошто паѓа косата за време на хемотерапија?
Лековите за хемотерапија се моќни и ги напаѓаат канцер клетките кои се размножуваат многу брзо. Во исто време овие лекови ги напаѓаат и другите клетки кои побрзо се размножуваат- вклучувајќи ги и клетките од коренот на косата. Хемотерапијата може да доведе до губење на влакната низ целото тело- не само на скалпот. Некогаш паѓаат и трепките, веѓите, како и влакната под пазувите и во интимниот дел.
За среќа, во повеќето случаи, опаѓањето на косата од хемотерапија е привремено. Косата повторно почнува да расте за 3-6 месеци по завршување на третманот.
Што да очекувате?
Косата обично паѓа после 2-4 недели по започнување со третманот. Може да падне одеднаш или постепено. Ќе почнете да забележувате повеќе коса на вашата перница, на чешелот или додека ја миете косата. Вашата коса ќе продолжи да паѓа неколку недели по завршување на третманот.
Пациентите со канцер, губењето на коса го опишуваат како вознемирувачки несакан ефект од терапијата. Секој пат кога ќе се погледнат во огледало, нивниот променет изглед е потсетник на болеста и се што доживеале со дијагнозата. Можеби ќе бидат потребни неколку недели по третманот за фоликулите да се обноват и косата повторно да почне да расте. Новата коса може да има поинаква боја и текстура од косата претходно. Некогаш косата е посива, се додека клетките што се задолжени за пигментот не почнат да функционираат повторно.
Може ли губењето на косата да се превенира?
За жал не постои третман кој ќе гарантира дека вашата коса нема да падне за време на хемотерапија. Најдобар начин да се справите со губењето на косата е веднаш штом ќе го забележите првиот паднат прамен да купите перика. Потоа да ја ишишате косата и веднаш да ја ставите перика. На овој начин ќе бидете задоволни од вашиот изглед и полесно ќе ја пребродите загубата на косата.
Радитерапијата исто така може да доведе до губење на косата
Радитерапијата исто така ги напаѓа брзорастечките клетки во телото, но за разлика од хемотерапијата, таа влијае на специфичната област каде што е концетриран третманот. Ако зрачењето е на вашата глава, најверојатно ќе ја изгубите косата на главата.
Косата обично почнува да расте по завршување на третманот со радиотерапија. Но дали ќе порасне целата и во истата густина зависи од тертманот. Различни видови на зрачење и различни дози имаат различен ефект врз косата.
За жена центарот
Жена центарот преставува специјализиран центар наменет за жени на хемотерапија и после мастектомија. Во центарот се изложени голем број на перики, градници, костими за капење и протези кои се наменети за жени кои изгубиле дојката како последица на канцер. Во пријатна и опуштена атмосфера вработените ќе ве советуваат и ќе ви помогнат да го одберете најдоброто решение за вас.