Што е Lichen Sclerosus и како PRP терапијата делува на оваа состојба
Што е Lichen Sclerosus?
„Lichen Sclerosus“ е медицинска состојба која ја зафаќа кожата на вулвата на вагината, анусот или пенисот кај мажите. Поконкретно, Lichen Sclerosus предизвикува промена на бојата на кожата на вулвата, таа станува потенка, иритирана и има интензивно чешање.
Некои случаи на анален и вулварен лишај склерозус, исто така, доведуваат до формирање на рани и плускавци на пределот на гениталиите.
Нетретиран „Lichen Sclerosus“, може да доведе до појава на лузни, што влијаат врз секојдневниот живот и самодовербата. При појава на оваа состојба пешачењето и спортување е речиси невозможно.
Ова нарушување влијае врз мокрењето, празнењето на цревата и го прави сексуалниот однос болен и непријатен.
Третманот со ПРП, значително ја подобрува оваа состојба. Аплицирањето го прави Вашиот гинеколог. Процедурата е кратка. После третманот препорачливо 1-2 дена да одморите, а потоа без проблем можете да се вратите на секојдневните обврски.

ПРП третманот е безбеден и ефикасен за стимулирање на ендогена регенерација и лекување. Факторите на раст од тромбоцитите во подлабоките слоеви на кожата го активираат процесот на регенерација. Хијалуронската киселина е природна состојка во нашето тело која има голема моќ да се врзе со вода и на тој начин ја враќа хидратацијата и волуменот на кожата.