Таму горе, на врвот, тоа е посебен миг. Вие, погледот и небото. Тоа е ваш момент, и никој не може да ви го одземе.
Моето име е Едис Нури. Од својата 7 годишна возраст почнав да се занимавам со кошарка, до ден денес тоа се вкупно 33 години од кои професионално спортувам 23 години. Бев дел од повеќе клубови, меѓу кои Карпош Соколи, МЗТ, Вардар, Струмица, Охрид, Тоа Сум Јас, Лирија, Кубус, за да во последните 5 години го предводам клубот ТФТ од Тафталиџе со улога на капитен. Од успесите, како најдраг можам да го издвојам освојувањето на Купот на Македонија во 2022 година.
.jpg)
Од мали нозе љубовта кон природата ми ја всадија моите родители. Секој викенд беше резервиран Водно, Матка, Сарај … Понатака, тоа прерасна во рекреативно планинарење, коешто со години се разви во вистинска зависност од овој „спорт“. Спорт во наводници бидејќи за мене тоа е многу повеќе од спорт. Планинарењето и природата воопшто, за мене претставуваат начин на живот. Секој слободен момент го користам да избегам во „Дивината“. Тоа бегство ми дава енергија и мир за успешно реализирање на сите обврски преку недела.

Освојувањето на врвовите за мене е посебно чувство кое е тешко да се опише со зборови. Таму горе, на врвот, тоа е посебен миг. Вие, погледот и небото. Тоа е ваш момент, и никој не може да ви го одземе. Но не е само врвот. Целото патешествие бара умствена посветеност и фокус, кои како „сајд ефект“ ви овозможуваат да ги заборавите сите негативни мисли и проблеми. Всушност, планинарењето, како процес, е „терапија“ сама по себе.

Македонија изобилува со прекрасни планини, реки, висорамнини и долини. Врвови како Голем Кораб, Радомир, Турчин, Кобилица, Кабаш, езера како Малокорапско, Големо, Караниколичко, висорамнини како Кобилино, Бегово, Солунско … сето тоа треба да се види и искуси. Сите тие места се дел од мојата меморија. Записите од сите тие акции ги складирам на специјализирана апликација www.wikiloc.com на мојот профил edis_hiking од каде што бесплатно можете да ги преземете сите тури.

Поради долгите години посветени на спорт почнав да чувствувам потреба од поддршка на зглобовите и мускулите на нозете. По сугестија на мој пријател кој е планински тркач веќе подолг период дознав дека има начин како да им помогнам на моите нозе после 33 години професионално спортување. Од тој момент почнав да користам CEP RUN компресивни чорапи при активно планинарење, возење велосипед и тренинзи, а во период на релаксирање задолжително носам CEP RECOVERY компресивни чорапи. Од кога ги користам овие производи, нозете ми се лесни а потењето на стапалото е речиси незабележливо. Дополнително поради мојата телесна тежина и правилно газење употребувам и спортска влошка „Актив“ која ми дава одлична поддршка.
.jpg)
Разликата со овие производи и без е огромна. Се чувствувам посигурен, постабилен и напорот кој го чувствувам е драстично помал. Топло ги препорачувам на сите.
Пред мене се многу нови предизвици! Врвови за освојување исто така. Јас сум љубител на патеки кои ретко или воопшто не се одени, со големи километражи и голема денивелација. Во април планирам со ПД Трансверзалец да го изодам Мемориалниот марш Чичко Јосиф Илковски во должина од 60 км, потоа би сакал да освојам 2 планини Плакенска и Илинска во еден ден со вкупна должина од околу 45 км.
Се гледаме на врвот.