Како полесно да ги облечете компресивните чорапи?
Главните предизвици со кој се соочуваат корисниците на компресивни чорапи се начинот на облекување и начинот на одржување. Во продолжение во неколку чекори ќе Ви објасниме како полесно да ги облекувате компресивните чорапи/хулахопки и како да ги одржувате.
Пред да започнете да ги облекувате чорапите прочитајте ги следните препораки:
- Компресивните чорапи се облекуваат наутро на одморена нога, додека сѐ уште не сте станати од постела.
- На рацете задолжително ставете заштитни ракавици (хируршки, гумирани), со цел да спречите физичко оштетување.
- Користете кратки секојдневни чорапи врз нив кои немаат многу јак ластик.
- Препорачливо е редовно е да се одржуваат стапалата за да се спречи физичко оштетување на чорапите/хулахопките.
Начин на облекување:
- Доколку користите чорапи или хулахопки со отворени прсти:
- Најпрво го поставувате помошното чорапче на боса нога. Преку него компресивната чорапа многу полесно се навлекува.

- Никогаш не ја набирајте чорапата или хулахопката, само ногата спуштајте ја низ неа.

- Позиционирајте ја најпрво чорапата на стапалото, тоа многу ќе ви го олесни многу понатамошното облекување.

- Преку прстите извлечете го помошното чорапче.

- На крај извлечете ја чорапата до соодветната висина.
2.Доколку носите компресивни чорапи кои се со затворени прсти:
- Чорапата превртете ја до половина, приближно до кај одбележаниот дел кај петата.

- Навлечете го стапалото во чорапата.

- Oстанатиот дел превртете го до својата соодветна висина.

- Ако имате потешкотии за облекување, користете специјално помагало за облекување на чорапи.
Важно:
Без разлика каков модел на компресивната чорапа или хулахопка користите најважно е да е подеднакво распоредена низ цела нога и никаде на нема набори.
Начин на одржување:
- Компресивните чорапи/хулахопки задолжително се перат секој втор ден.
- Перењето е исклучиво рачно, со течен детергент.
- Сушењето е природно, односно чорапите/хулахопките не смее да се изложуваат на директна топлина (грејно тело, пегла или директна сончева енергија).