Како полесно да ги облечете компресивните чорапи?
Главниот предизвик со кој се соочуваат корисниците на компресивни чорапи се начинот на облекување и начинот на одржување. Во продолжение во неколку чекори ќе Ви објасниме како полесно да ги облекувате компресивните чорапи/хулахопки и како да ги одржувате.
Начин на облекување:
- Компресивните чорапи/се облекуваат наутро на одморена нога додека сеуште не сте станати од постела.
- На рацете задолжително ставете заштитни ракавици (хуруршки, гумирани), со цел да спречите физичко оштетување
- Доколку користите чорапи или хулахопки со отворени прсти:
- Најпрво го поставувате помошното чорапче на боса нога. Преку него компресивната чорапа многу полесно се навлекува.

- Никогаш не ја набирајте чорапата или хулахопката, туку само ногата спуштајте ја низ неа.

- Позиционирајте ја најпрво чорапата на стапалото, тоа ќе ви го олесни многу понатамошното облекување.

- Потоа ја извлекувате чорапата до соодветната висина.
- Преку прстите извлечете го помошното чорапче.

- Доколку имате потешкотии за облекување, користете специјално помагало за облекување на чорапи.
- Доколку носите компресивни чорапи кои се со затворени прсти:
- Чорапата превртете ја до половина, од прилика до кај одбележаниот дел кај петата.
- Навлечете го стапалото во чорапата
- И останатиот дел превртете те го до својата соодветна висина
Важно:
Без разлика каков модел на компресивната чорапа или хулахопка користите најважно е да е подеднакво распоредена низ цела нога и никаде на нема набори.
Користете си кратки секојдневни чорапи врз нив кој немаат многу јак ластик.
Начин на одржување:
- Компресивните чорапи/хулахопки задолжително се перат секој втор ден.
- Перењето е исклучиво рачно, со течен детергент.
- Сушењето е природно, односно чорапите/хулахопките да не се изложуваат на директна топлина (грејно тело, пегла или директна сончева енергија)
- Препорачливо е редовно е да се одржуваат стапалата за да се спречи физичко оштетување на чорапите/хулахопките.