×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дали знаете дека 'рчењето е симптом за слип апнеа?

Дали знаете дека 'рчењето е симптом за слип апнеа?

Што е слип апнеа?

Слип апнеа е делумно или целосно прекинување на дишењето во тек на спиењето. Како резултат на тоа настанува недостаток на кислород во организмот, што е причина „мозокот“ да прати сигнали да се разбудиме за да воспоставиме нормално дишење.

Кои се најчестите симптоми на слип апнеа?

  • Гласно `рчење
  • Сува уста и болно грло при будење
  • Поспаност во текот на денот
  • Хроничен замор во текот на денот
  • Чести утрински главоболки
  • Недостаток на концентрација
  • Промени во расположението
  • Несоница
  • Депресија
  • Отоци во нозете


Какви видови на слип апнеа постојат?

Опструктивна слип апнеа – настанува како резултат на релаксација на мускулите на грлото со што се блокира дишниот пат.

Централна слип апнеа – настанува како резултат на сигнали од мозкот во склоп на различни заболувања.

Кои се ризик фактори?

  • Мажи
  • Постари
  • Лица со прекумерена телесна тежина и обезни
  • Пушачи
  • Алкохоличари
  • Лица со седентарен начин на живот
  • Лица со невообичаено голем врат

Ризикот од слип апена се зголемува со возраста. 10% од мажите и 3% од жените на возраст од 30 – 49 години имаат ризик од слип апнеа. 17% од мажите и 9% од жените на возраст од 50 – 70 години имаат ризик од слип апнеа


Кои се најчести компликации од слип апнеа?

  • Дневна поспаност
  • Висок крвен притисок и аритмија (неправилна работа на срцето)
  • Тип 2 дијабет
  • Метаболен синдром (покачени вредност на холесторол, шеќер)
  • Нарушување на функцијата на црниот дроб

 Како се третира?

  • Промена во навиките на живот (намалување на телесна тежина, промена на положбата на спиење, лекување на основната болест)
  • Хируршки
  • Терапија со позитивен континуиран воздушен притисок (ЦПАП апарат)

 Одговорете на следните прашања и закажете го вашиот термин за бесплатен скрининг:

1. Дали `рчите гласно?

2. Дали често се чувствувате уморно и поспано во текот на денот (заспивате додека возите)?

3. Дали некој забележал дека престанувате да дишете или се гушите за време на спиењто?

4. Дали имате или се лекувате од висок крвен притисок?

5. Дали имате прекумерена телесна тежина?

6. Дали имате обем на вратот поголем од 40 см?

7. Дали имате над 40 години?

*Скринингот се извршува со помош на Somnocheck micro, апарат кој во текот на целиот сон го следи и го снима вашето дишење, сатурација со кислород и пулс. Снимањето се одвива во домашни услови, во текот на една ноќ. Врз основа на добиените резултати се утврдува вашиот ризик од слип апнеа.

Контакт Др. Дарко Василевски 070/294 458