×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Магијата на морската вода

Магијата на морската вода

Лековитите својства на морската вода се познати уште во минатото. Таткото на медицината, Хипократ, е меѓу првите кои ја проучувал лековитоста на морето. До вакво сознание дошол случајно, проучувајќи ги оштетените раце на рибарите. Сфатил дека морската вода го намалува ризикот од инфекција и ги обновува клетките и ја поттикнува размената на минерали и отрови меѓу крвта и водата.

Хемиската сличност на морската вода и крвта

Францускиот научник Рене Квинтон (Rene Quinton) го посветил својот живот на проучување на морската вода, а во 1906 година ја објавил книгата „Морската вода, органски медиум“ во која зборува за хемиската сличност на крвната плазма и морската вода. Во 1897 година  Квинтон дошол до заклучок дека човековиот организам е идентичен со морската вода затоа што имаат ист состав на минерали. Морската вода ги содржи сите природни елементи како што се натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, дури и сребро и злато, а во еден литар вода просечно има 35 грама сол. Но морската вода има многу позитивни влијаниа на човеке, во продолжение дел од нив:

Релаксира – Познато е дека морето има големи количини на магнезиум, основна состојка во борбата со стресот. На ова ако додадете лежење на сонце, пливање, сосема е јасно зошто морето е еликсир за вашето тело и дух.

Третман на алергии – Морето има својство на антихистемин и антисептик, со што ги ублажува алергиските реакции. Добро познат е и морскиот воздух кој позитивно делува на лицата со астма, а во текот на летните денови кога цвета амброзија, морските краеви се идеално засолниште.

Реума – Престојот на море е задолжителен за лицата со реума. Морската вода ги намалува воспалителните процеси во телото и ги ублажува болките.

Кожни болести – Морската сол е богата со минерали, магнезиум, железо, калиум и калциум. Сите овие елементи го подобруваат здравјето на кожата, чија состојба се подобрува за краток временски период. Ако имате дерматитис, егзема, псоријаза или некоја друга кожна болест, преку летните месеци треба да пливате во море. Освен тоа, сонцето и морето благотворно делуваат и на акните, па затоа кожата по годишниот одмор е поубава.

Коски – За здрави коски неопходен е витаминот Д. Во организмот се внесува преку сонцето. Последниве години многумина бегаат од сонцето поради страв од меланом. Затоа ве советуваме да се сончате рано наутро и доцна навечер, и во овој период од денот не нанесувајте креми со висок заштитен фактор бидејќи кожата нема да ја добие потребната количина на витамин Д.