×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




5 причини зошто да пиете повеќе вода

5 причини зошто да пиете повеќе вода

Повеќето пијат вода само кога се жедни. Колку вода е потребно на вашето тело зависи од степенот на физичка активност, временските услови и од вашата здравствена состојба. Во продолжение ви даваме 5 причини зошто водата е добра за вашето тело.

1. Добијте повеќе енергија

Уморот е првиот знак дека ви треба повеќе вода. Доколку се чувствувате исцрпени и уморни напијте се вода. Водата го забрзува метаболизмот, особено ладната. Исто така вашето тело ќе работи повеќе за да ја загрее водата а со тоа дополнително ќе изгубите калории.

2. Помалку стрес

70-80% од мозочното ткиво е вода. Кога не внесувате доволно вода и сте дехидрирани, вашето тело и мозок се под стрес. Ако почуствувате жед вие сте веќе дехидрирани. Затоа секогаш имајте чаша вода на вашето биро, или шише додека спортувате.

3. Вода за мускулите

Водата е одлична превенција од создавање на грчеви во мускулите. Затоа кога вежбате пијте повеќе вода, ќе имате повеќе енергија а ќе ги подмачкате и зглобовите.

4. Помлада кожа

Водата е најдобриот крем за убава кожа. Линиите и брчките на вашето лице се подлабоки кога сте дехидрирани. Доколку внесувате доволно количина на вода, ќе се подобри циркулацијата и ќе изгледате посвежи и помлади.

5. Превенција од запек

Растителните влакна заедно со водата го помагаат процесот на варење. Тогаш храната многу полесно ќе помине низ дигестивниот систем. Ако сте дехидрирани, телото ја зема целата вода, оставајќи го дебелото црево суво, што доведува до запек.