Вежбање по 60 година – вистини и заблуди
Факт е дека стареењето е природен процес, кој покрај големото животно искуство, со себе носи и повеќе болести како и губење на сила, мобилност, зголемување на телесната тежина и развој на хронични болести.
Но, нема причина да го минете животот во чекални по болничките ходници. Започнете со промени и прифатете ги годините. Ако досега не сте биле физички активни, треба да почнете. Во продолжение ви ги објаснуваме вистините за најчестите заблуди поврзани за вежбањето:
МИТ 1: „Престар/а сум за да започнам да вежбам“.
Ова можеби сте го кажале при првата болка во грбот или колената по кратка прошетка. Но, која е причината за болка? Вистина е дека мускулната маса и густината на коските се намалуваат со возраста. Но, доколку досега не сте биле физички активни, ќе изгубите поголема мускулна маса, и ќе се јави саркопенија, природно губење на мускулна маса, сила и мускулната функција. Една од причините за саркопенија е недоволно физичка активност. Според резултатите од едно истражување, жените по 6 месеци вежбање, за 50% ја подобриле мускулната сила. Во истражувањето учествувале жени на возраст од 68-години кои никогаш порано не вежбале.
МИТ 2: „Постарите луѓе треба да одмараат за да имаат сила“.
Со вежбање и зајакнување на мускулите, се јавуваат и други придобивки како ослободување на хормонот за раст кој го стимулира развојот на мускулната маса. Со оптимална мускулна маса, се подорбува квалитетот на животот како и поголема независност во секојдневните активности.
МИТ 3: „Вежбањето го зголемува ризикот од повреда и паѓање“.
Редовната физичка активност не е само забавна и здрава, туку е безбедна за сите. Придобивките од редовното вежбањето се поголеми од ризикот од повреда. Покрај тоа, цврстото тело е многу по флексибилно бидејќи со вежбање се зголемува координацијата и силата. Вежбањето дури спречува низа состојби и болести како што се артритис, дијабетес, остеопороза, дебелина и болки во грбот. Студија во Нов Зеланд покажа дека 80-годишни жени кои се приклучиле на програма за вежбање го намалиле ризикот од пад за 40%.