×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Solidea компресивни чорапи: елеганција и ефикасност во секој производ

Solidea компресивни чорапи: елеганција и ефикасност во секој производ

Зошто да носите чорапи и хулахопки со превентична компресија? 

Со секојдневно носење на чорапи со превентивна градуирана компресија, може да спречите развој на проширени вени и да ја подобрите циркулацијата во вашите нозе.

Притисокот од овие чорапи врз ногата е физиолошки оптимизиран. Најголем притисок има околу глуждовите и се намалува кон бутовите, што во пракса ја забрзува циркулацијата бидејќи на некој начин им помага на вените да ја испумпаат крвта од нозете назад кон срцето, со што се спречува да се собира крв во вените.

Кои се главни карактеристики на превентивните чорапи и хулахопки? 

Главна карактеристика на превентивните чорапи и хулахопки се ефикасност и удобност. Други карактеристики се транспарентност, мекост и издржливост.

Хулахопките и чорапите од Солидеа ја издолжуваат фигурата и ја стимулираат циркулацијата, без разлика дали долго седите или стоите на работното место. Покрај тоа што изгледаат убаво, може да се комбинираат со сите стилови и траат цела сезона (најверојатно и следната сезона).

Совршено ги обликуваат нозете, прават лимфна дренажа и што е најважно нема да пукнат во незгоден момент, па затоа нема да сакате да ги соблечете.

Вашите нозе ќе бидат благодарни на крајот на денот: нема да бидат отечени и уморни, туку подготвени за вечерно излегување.

Негувајте ги вашите нозе и почастете ги со најдобрите и елегатни чорапи и хулахопки од Солидеа. Ако сеуште не сте ги почуствувале, веднаш пробајте ги.

Нема да можете ниту еден ден без нив!