Еластичен стегач за стабилизација и компресија после мускулна повреда на бутниот мускул.
Големина | Обем на најширок дел од бутина |
M | 48-52 |
L | 52-58 |
*сите димензии се изразени во сантиметри
Еластичен стегач за стабилизација и компресија после мускулна повреда на бутниот мускул. Може да се користи и како превенција од мускулни повреди, истегнување на мускулот за време на спортски и работни активности. Има анатомски облик кој не го попречува движењето. Изработен е од материјал кој овозможува кожата да дише, брзо ја апсорбира и исфрла влагата на површина со што кожата е постојано сува. Во внатрешноста е обложен со силикон кој спречува изместување и лизгање на стегачот при спортување. Има компресија која е најсилна на коленото и се намалува кон колкот што овозможува подобрена циркулација, го намалува заморот на мускулот, ја зглемува отпорноста со што се намалува ризикот од повреда.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам