Маслото од канабис Синцеритас содржи 20% CBD, што всушност претставува маслен екстракт кој се произведува од зрелите цветови од растението Cannabis Sativa L. Маслото не предизвикува психоактивни дејства и влијае за подобрување на нарушени физиолошки функции со што ги доведува до нивна нормализација.
Препорачана максимална дневна доза е 5 капки кои може да се конзумираат одеднаш или поединечно , независно од дневниот оброк.
Една капка содржи 10 мг Канабидиол (CBD). Дополнителни присутни состојки се: канабидиварин (CBDV), канабихромен (CBC), канабигерол (CBG), канабидиолна киселина (CBGA) и масло од семе од коноп. Ефектот до сега е проучен кај малигни и метаболни нарушувања, кардиоваскуларни и невродегенеративни заболувања кои најчесто се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија. Користењето на маслото од канабис има исто така докажано антиоксидативно, антивоспалително и имуносупресивно дејство. Пакувањето содржи 10 мл масло од канабис.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам