×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Убави и привлечни и по мастектомија

Убави и привлечни и по мастектомија

Изборот што да носите после мастектомија, може да ви се чини малку застрашувачки, но навистина нема потреба да го жртвувате вашиот стил или комфор. Со неколку техники, одлуката што да облечете е едноставна, дури и после отстранување на дојката.

ЗАПОЧНЕТЕ ОД ОСНОВНОТО
Надминувањето на емоционалниот и психичкиот предизвик како што е мастектомијата, претставува голема промена кај жената. Станувате посилни и поотпорни со нова свест за вашите тела. Неизбежно е да имате поинакви размислувања кога станува збор за гардеробата. Но, нема причина зошто вашата операција треба да го ограничи изборот на гардеробата и да го смени вашиот стил на облекување.

ДЕКОЛТЕ
Додека привремено сте ограничени во делот на деколтето, може да ви се чини дека ви е ограничен изборот за гардероба. Имајте на ум дека промените на вашето тело најчесто се помалку видливи за другите.

Природна симетрија. Широк горен дел со модерен дизајн е добра почетна точка. Со права протеза во комбинација со градник, може да постигнете природен изглед.

Создадете точка на фокус. За секојдневено паметно облекување одберете горен дел со набори или некој друг детаљ кој ќе ви даде точка на фокус.

Импровизирајте со облеката. Носете облека што ја сакате. Не исклучувајте фустани или горен дел со деколте додека не го пробате во комбинација со маичка. Исто така марамата може да покрие таму каде што е потребно.

ОРТОПЕДСКИ ГРАДНИЦИ
Ортопедските градници со специјален џеб за протеза се задолжителни. Обезбедете ги следниве три модели кој ќе ви се најдат за секоја прилика.

  • Мек градник без фишбајн. Ако местото ви е чувствително, овој градник е за вас. Изберете градник со мека влошка за екстра комфорт.
  • Градник за под маица. Овој модел треба да биде во орманот на секој жена. Удобен и со дискретен дизајн, се мазни под облеката и не се видливи линии.
  • Градник со предно закопчување. Овој градник со предно закопчување лесно се прицврстува и е полесен за користење кога е ограничен опсегот на рацете.

ПРИВЛЕЧЕТЕ ВНИМАНИЕ

  • На нозете и чевлите

Ремени. Носете ремени на фустаните, палтата и широките кошули за да направите убава силуета и да го привлечете вниманието на централниот дел од телото.

Шорцеви и украсни здолништа. Привлечете внимание на долната половина од телото со интересни текстури и шари кои се убави и интересни за око.

Убави чевли. Добри и атрактивни чевли, веднаш ќе го привлечат вниманието. Доколку немате ваков пар чевли, време е за шопинг.

  • На вратот и лицето со аксесори

Обетки. Сега имате шанса да носите светкави и впечатливи обетки.

Ланче. Носете кратко ланче за да го привлечете вниманието на горниот дел од вратот. Избегнувајте долги ланчиња кои се спуштени до областа околу градите, бидејќи ќе го привлечете вниманието на овој дел.

Марами. Брз начин за визуелно да ја трансформирате облеката, што претставува суптилен начин за прикривање на недостатоците.

ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКА ПРОТЕЗА
Без разлика дали сакате традиционални протези или протеза која едноставно се прицврстува на вашата кожа, новата технологија на градни протези ја намали разликата помеѓу овие два модели со максимална удобност и изглед.

Традиционални протези. Се вметнуваат во специјално џепче на градникот и се корисни кога одбирате потенка или подебела облека. Исто така се популарни бидејќи многу брзо се навикнувате на нив.

Контактни протези. Се прилепува директно на кожата и го прати движењето на телото со што ја чувствувате како природна. Останува на своето место дури и кога се наведнувате. Ги растеретува рамениците од притисок што е особено важно за жените со лимфоедема или поголеми гради. Има антиалергиска леплива површина.

Комфорот е најважен. Никогаш не носете градници и протези кои не ви се пријатни. Покрај тоа што не ви овозможуваат комфор, постои ризик да ја иритираат чувствителната кожа. Имајте на ум, дека вашето тело може да се промени со текот на времето, како резултат на исхрана и вежбање. Што ви одговара годинава можеби нема да го чувствувате пријатно следната година.

Започнете со овие основни совети и ќе видите дека имате одличен избор на облека и можност за шопинг. Со едноставно користење на боја, текстура и додатоци, можете да создадете нов изглед на вашата убавина.