5 причини зошто да ја „гушнете“ перницата за тело
Постојаното вртење во текот на ноќта обидувајќи се да ја најдете вашата идеална позиција за спиење, не ветува мирна ноќ. Се будите вкочанети и ненаспани. Без разлика дали спиете на грб, стомак или странично, перницата за тело може да ви овозможи добар сон. Се работи за долга и волуменозна перница, која некои ја користат за потпора на `рбетот, други пак како потпора за странично спиење. Во продолжение ви даваме пет причини зошто да ја користите перницата за тело.
1. Ослободување на притисокот од колковите
Доколку спиете на тврд душек, тогаш притисокот врз вашето тело е поголем. Во овие случаи притисокот е поголем во колковите и затоа се јавува непријатност и болка. Вашето тело реагира на ваквата болка со постојано менување на позицијата за спиење. Резултат на ова е неправилна поставеност на `рбетниот столб, и голем притисок врз раката, бидејќи ја ставате под перница и се будите вкочанети. Со поставување на перницата за тело се ослободува притисокот во колковите и на тој начин се релаксира и опушта целото тело.
2. Идеална позиција за спиење
Никој не сака да се превртува додека се обидува да заспие. Кога вашето тело се чувствува непријатно, станува немирно, обидувајќи се да најде соодветна позиција за спиење. Но, кога имате нешто на што можете да се потпрете, се чувствувате удобно и пријатно.
3. Проблеми со грбот
Кога лежите на страна, целата телесна тежина од горниот дел на телото се пренесува во колковите, што може да предизвика непријатност и болка. Кога ќе дојде до ова, ногата се лизга нанапред што доведува до притисок на грбот. Со поставување на перницата помеѓу колената додека спиете, вашето тело ќе се чувствува удобно и нема да има потреба да се превртува, бедејќи тежината е рамномерно распределена.
4. Поддршка за трудници
Перницата за тело е идеална за мирен сон на трудниците, особено во поодмината бременост. Перницата го подржува `рбетот, вратот, главата, колената и нозете кај бремените жени. На овој начин нуди поддршка на целото тело што и овозможува удобна позиција со поддршка на стомакот. Подоцна истата перница може да се користи за полесно доење на бебето.
5. Проблеми со киселини во желудник
Секоја позиција на спиење зависи од индивидуата. Позицијата која ви овозможува удобност, без да се будите во текот на ноќтта е најдобра за вас. Некои преферираат да спијат на грб, други на стомак трети пак странично. За лицата кои имаат проблеми со рефлуксна болест, перницата за тело е идеална за мирен сон. Го подига горниот дел од телото и го спречува враќањето на киселините во текот на ноќтта. Најдобро е да спиете свртени на левата страна, за подобро варење и редуцирање на враќањето на киселините.