×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како да избегнеме габични инфекции на стапалата во летниот период?

Како да избегнеме габични инфекции на стапалата во летниот период?

Габичните инфекции на стапалата се јавуваат кога кожата или ноктот на овој дел од нашата анатомија е инвазирана од некаков вид на габа. Овие инфекции се произведени од дерматофитни габи, кои се хранат со кератин на нашата кожа и нокти. 

Симптомите може да варираат, но најчесто се манифестираат со чешање и печење во погодената област, можни дамки и лезии, лупење на кожата и воспаление.

Лекување

  • За лекување на габичните инфекции на нозете е препорачливо да се користат антигабични креми, медикаменти  и задолжително да се спроведат хигиенски мерки за одржување на чистота на нозете.
  • Носењето чиста облека, исто така, може да помогне во спречување на инфекцијата.
  • Избегнувајте обувки кои не ви овозможуваат дишење на нозете или ве притискаат кај ноктите.

Затоа издвоивме еден дел од нашиот асортиман кој може да ви помогне во борбата против габичните инфекции на стапалата.

Обувки изработени од мерцилизиран конец.

Горниот дел на еспадрилите е плетен со мерцилизиран конец кој се приспособува на анатомијата на стапалото, не прави притисок и не ја отежнува цуркулацијата. Овој конец има памучно потекло кое му дава свежина на стапалото. Обувката има вградено влошка со мемори пена која и дава на ногата дополнителна удобност и проток на воздух.

Кломпи изработени од перфорирана кожа

Надворешниот слој на кломпите има дупчиња кои и овозможуваат на кожата да дише.  Дополнително кломпата има анатомски обликувана дрвена подлога која спречува развивање на бактерии.

Анатомска папуча

Горниот дел е изработен од марцилизиран конец кој се приспособува на формата на стапалото. Овој состав и создава пријатно чувство на ногата и дозволува циркулација на воздухот. Делот кај прстите и ноктите е целосно слободен, што спречува размножување на габички. 

Кожна женска кломпа со отворени прсти

Висококвалитетна рачно изработена кломпа од 100% мека кожа во надворешниот и внатрешниот дел. Папучата има влошка од мемори пена која е анатомски обликувана со висок лак. Мемори пената дозволува воздухот да струи и кожата да дише. Ремчињата се подесуваат и внатрешно се обложени со кожа која спречува иритација на кожата.