Марија Донева: Спуштањето од самиот врв за мене претставуваше вистинско мачење и агонија бидејќи болката од самиот интензивен напор ја доживеа својата кулминација.
Здраво, моето име е Марија Донева. По професија магистер по граѓанско право и дигитален маркетер. Љубител на outdoor активности, од кои како најголема љубов би ја издвоила љубовта кон планинарењето. Има некоја посебна магија таму горе високо.
Моите почетоци во планинарењето започнуваат во 2009 година, кога сосема случајно наидов на креиран настан за искачување на највискиот врв во Македонија - Голем Кораб (2.764 м.н.в.) Самата тура за мене претставуваше вистински предизвик бидејќи дотогаш се немав соочено со таков степен на интензивна физичка активност. Благодарение на многубројните тури кои следеа после тој настан (Шар Планина, Баба Планина, Јакупица, Даутица, Јабланица, Кожуф, како и на планинските предели во Бугарија, Црна Гора, Грција) јас успеав да ги испитам и да ги совладам границите на сопствената издржливост и да станам тоа што сум денес- упорна, борбена, истрајна личност.

Вишокот на енергија кој го добивав како резултат на планинарењето сметав дека е добро да го насочам и кон некоја друга физичка активност во која ќе уживам приближно исто како и во планинарењето. Иако уште како дете отсекогаш сум била физички активна дали бил тоа одреден спорт или рекреативно трчање, никогаш не сум помислила дека во подоцнежните години ќе учестувам во атлетски настани во Македонија, но и надвор од неа.

Моето прво официјално учество на една голема атлетска трка беше учеството на Скопскиот Wizz Air Маратон во 2019 година каде што си ја остварив мојата “скромна” желба да истрчам 21км (полумаратон) и тоа беше едно прекрасно и незаборавно искуство.
Потоа следуваа Трката -”Струмица на улица” - СОФ 2019, каде на мое огромно изненадување, сосема неочекувано го освоив второто место во категоријата Жени на 10 км, па трките во Кавадарци (10км), Битола (10км) Wizz Air Sofia (21km), Велешкиот Полумартон (21км) како и многу други.
Од хоби до пасија
На самиот почеток планинарењето, а слободно можам да кажам и трчањето за мене претставуваа начин за ослободување од акумулираната негативна енергија во текот на работната недела. Денес тие за мене претставуваат неизбежен дел од моето секојдневие, целосна терапија за телотo и умот, душевен мир и црпење инспирација.
Ако би можела да си дадам совет самата на себеси тоа е да се реагира навремено на навидум незначајни здравствени проблеми. Некогаш наивно им пристапуваме на работите, мислејќи дека истите сами од себе ќе исчезнат или ќе се повлечат без да биде преземено нешто конкретно од наша страна. При неколку меѓусебно неповрзани ситуации се здобив со различен тип на повреди кои пак ме спречија да ја постигнам посакуваната форма за неколку предстојни настани.

Како една од посериозните повреди би ја издвоила болката во коленото која за прв пат ја почуствував пред речиси 1 (една) година. Одлучив, самата повреда да не ме спречи да им се приклучам на моите пријатели за искачување на врвот Големо Врвче (2.103 м.н.в) на Баба Планина. Одлуката не се покажа како правилна, бидејќи спуштањето од самиот врв за мене лично претставуваше вистинско мачење и агонија со оглед на фактот дека болката од самиот интензивен напор ја доживеа својата кулминација.
Во разговор со искусни пријатели спортисти (планинари, атлетичари) дознав за нивни предходни состојба со истегнати лигаменти, сериозни повреди на колената и слично и по неколку препораки, а по предходна консултација со стручно лице решив да купам Емоушн Ортоза за колено. Она што ми се допаѓа кај овој стегач е тоа дека ми овозможува ефект на масажа заради вградениот силиконски прстен кој допринесува за намалување на стресот на коленото и ублажување на болките.

По подолга пауза од планинарањето и спортувањето воопшто, се радувам што конечно ќе можам да се насочам на реализација на нови планинарски/атлетски предизвици. Ме радува фактот што си најдов соодветно медицинско помагало кое ќе можам да го користам секогаш кога моето колено ќе покаже знаци на умор, истоштеност или оток.