×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што сè може да ви предизвика болка во стапалата? Вежби за превенција и корекција

Што сè може да ви предизвика болка во стапалата? Вежби за превенција и корекција

Болките во стaпалата може да бидат причина за нарушување во движењето, рамнотежата или пак вежбањето. Може да бидат предизвикани од повреди или неправилно позиционирање на стaпалото. Начините на олеснување на болките и терапија се исто толку различни колку и причините.

Најчести заболувања на стaпалата:
  • Неправилно позиционирање на стапалото (incorrect foot positioning)
  • Pes transversovalgus/flat foot (рамно стапало)
  • Hallux valgus
  • Heel spur (болка/шилец во пета)

Неправилно позиционирање на стапалото (incorrect foot positioning)
Многу често болките во колената, колкот, грбот или вратот можат да бидат резултат на неправилно позиционирање на стапалото. Стапалата влијаат на целата статика на нашето тело. Ни помагаат да стоиме цврсто на земја, да се движиме и да одржуваме рамнотежа. Деформитетите го нарушуваат овој интерактивен процес. Неправилно позиционирање може да се види кај деца, но и кај возрасни. Понекогаш лошата позиција на стапалото е јасно видлива како на пример ако е стапалото „паднато“ нанадвор или навнатре. И покрај многубројните причини за настанување, едно е заедничко за сите деформитети: доколку не се лекуваат овие состојби може да доведат до хронични проблеми.


Кратко објаснување на деформитетите на стапалото

Skew foot / закосено стапало: Долниот дел од ногата и петата вообичаено прават права линија. Ако овој лак не може да ја задржи својата првобитна состојба т.е. се свиткува навнатре, настанува закосено стапало. Причина може да бидат нестабилни тетиви и лигаменти, како и мускулна слабост.

Fallen arches / паднати лакови: Надолжниот лак на стапалото е рамен, така што внатрешната страна е пониска одколку при правилно позиционирање на стапалото, а понекогаш целосно се потпира на земја. Ретка причина може да бидат конгенитални малформации кои предизвикуваат проблем уште во детството, парализа, слаби лигаменти и мускули, како и прекумерна тежина.

Splayfoot / широко стапало: Трансверзалниот лак на стапалото е рамен во предниот дел. Овој дел од стапалото ја носи најголемата тежина при движење што доведува до болка во метатарзалниот дел и палецот. Често може да се јават калус и рани. Најчести причини се: нестабилни тетиви и лигаменти, мускулна слабост, долго стоење, кревање на тегови, прекумерна тежина, тесни и чевли со високи потпетици.


Pes transversovalgus / рамно стапало: Се однесува на различни деформитети кои се јавуваат заедно: закосено стапало, паднати лакови и широко стапало. Оваа промена е уште позната под името „рамно стапало“. Кај децата оваа промена треба спонтано да се повлече, во спротивно се лекува конзервативно со соодветни влошки и вежби. Влошки може да користат и возрасните со што се обезбедува мека амортизација, растеретување на притисокот во предниот дел на стапалото и подигнување на лакот на стапалото.


Pigeon toe / гулабски прст: Овој деформитет обично се јавува на двете страни на стапалата и многу често кај бебиња. Во овој случај, предниот дел од стапалото има девијација навнатре така што добива заоблен облик. Може
да биде вродено (стискање на прстите поради стеснување на матката) или стекнато (кај деца кои имаат склоност). Обично лесно и брзо се корегира.


Pes equinus: се карактеризира со подигната пета заради абнормална флексија на стапалото во зглобот на глуждот. Бидејќи засегнатите лица не можат да го спуштат целото стапало тие имаат карактеристичен од на врвот на прстите. Може да биде вродено или стекнато. Најчести причини: скратување на мускулите на подколеницата, мускулни заболувања, промени во коските на зглобот на глуждот, лузни.



Превенција на деформитетите на стапалото
Превенција на неправилно поставување на стапалото уште во детска возраст е најдобар начин за корекција. Одењето боси е најдобра превентивна мерка. Изборот на добри чевли го промовира развојот на здрави стапала. Носењето на тесни чевли може да резултира со деформитети на стапалата со доживотни последици. Идеални се лесни чевли со флексибилен ѓон за динамично превртување. Исто така важно е да има простор помеѓу прстите од стапалото и чевелот.

Вежби за стапала: splayfoot, flat foot, high arch, pes eqinus, pigeon toe

Овие вежби се добри за зајакнување на мускулите и подобрување на подвижноста на стапалата.

Подвижност/активирање на попречниот лак – метод на гасеница: Поставете половина тениско топче на подот. Свиткајте ги прстите и движете го стапалото во правец на топчето. Кога ногата ќе се приближи кон топчето со врвот од прстите шутнете го топчето према напред. Повторете што е можно повеќе пати, а потоа повторете и со другата нога.


Координација, подвижност - кинење на весник: Поставете парче весник на подот. Со едната нога застанете на весникот, а со другата обидете се да го искинете весникот. Потоа пробајте и со другата нога.


Координација, подвижност – подигнување на џамлии: Ставете неколку џамлии или слични објекти на подот. Обидете се со врвот на прстите да кренете една и да ја ставите во кутија. Сменете ја ногата секогаш кога успешно ќе подигнете џамлија.


Олабавување, релаксација – користење на масажни боцки: На подот поставете масажни полутопки. Масирајте ги стапалата со кружни движења.

Истегнување на мускулите на подколеницата: Потпрете се на ѕид и истегнете ги мускулите на подколеницата. Поставете ги нозете една позади друга, со тоа што петата од задната нога не треба да се крене од подот за цело време на вежбата.

Доколку има потреба од третман на несоодветно позиционирано стапало се користат различни видови на ортопедски влошки. Закажете бесплатно скенирање на стапало на 02/3143333.