×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Совети за добар сон од  спец. д-р Саво Трајановиќ

Совети за добар сон од спец. д-р Саво Трајановиќ

Спиењето и квалитетниот сон играат важна улога за подобро здравје и благосостојба во текот на вашиот живот. Добриот сон може да помогне во заштитата на менталното и физичкото здравје. Но, стресот, обврските и модерниот начин на живот значително ја намалуваат можноста за квалитетен сон, кој е толку неопходен. Спец. д-р Саво Трајановиќ, физијатар од ПЗУ Меридиан медикал, советува како да спиете доколку имате:

1. Болки во рамото: Избегнувајте да спиете на болното рамо. Спијте на грб, или доколку спиете на другата страна, ставете перница и одмарајте ја раката на неа, исто како да гушкате некој. 

2. Болки во грбот:

  • Спиење на грб: Легнете на грб, ставете перница под колена, свиткајте крпа под половината за да ги поправите природните кривини на `рбетот. Спиењето на грб е најдобро решение доколку имате болки во грбот. 
  • Спиење на страна: Легнете на страна и ставете перница помеѓу нозете. Ова е добро за луѓе кои имаат проблеми со колената и колковите. Положбата фетус е одлична за лица со лумбална спинална стеноза. 
  • Спиење на стомак: спиењето на стомак прави притисок на половината и вратот. Но доколку не можете да спиете во друга положба, ставете перница под карлицата за да го намалите притисокот врз половината. 

3.Болки во вратот: Пробајте кога спиете вратот да ви биде во природна положба. Избегнувајте да спиете на стомак и на висока перница. Перницата да ви биде поставена над рамената и користете анатомска перница. 

4. Опструктивна слип апнеа/`рчење: Пробајте да спиете на страна или на стомак. Еден од начините да избегнете спиење на грб е да сошиете тениски топче на пижамата. 

5. Ацид рефлукс/стомачна киселина: Се советува спиење на повисока перница или на лева страна. Во оваа положба желудникот е под прстенесетиот мускул, кој се наоѓа меѓу хранопроводникот и желудникот, а има задача да го спречи враќањето на содржината од желудникот во хранопроводникот.

6. Плантарен фасцитис: Многу е важно стапалата и глуждовите да бидат релаксирани и да не се затегнуваат со постелнината. Може да се јави болка во долниот дел на стапалото.  

 Интересни факти за спиењето:

57% од луѓето спијат на страна, 17% спијат на грб а само 11% на стомак. Останатите ја менуваат положбата во текот на ноќта.