Проширени вени од долготрајно седење, вистина или мит?
Кога седиме подолг период, на вените им е потребно многу повеќе време и напор за да ја испумпаат крвта од нозете кон срцето. Доколку имате проширени вени, веројатно сте забележале дека симптомите се влошуваат по долго седење или стоење. Ова се манифестира со:
-Чувство на непријатност, тежина и болка во нозете.
-Глуждовите и стапалата се отечени.
Дали долготрајното седење може да биде ризик фактор за настанување на проширени вени?
Секојдневното продолжено седење доведува до слаба циркулација во нозете. Кога седиме, нашите вени треба да вложат многу повеќе напор за да пумпаат крв до срцето. Доколку работното место не дозволува многу движење, функцијата на вените се намалува и во комбинација со други ризик фактори може да настанат проширени вени.
Бројни фактори како што се возраста, полот и наследни предиспозиции го зголемуваат ризикот од појава на варикозни вени. ИТ програмерите, менаџерите и сите други канцелариски работници кои своето работно време го поминуваат пред монитор се изложени на зголемен ризик од појава на проширени вени.
Како да превенираме проширени вени ?
Најдобрата превенција од проширени вени е движењето. Сите активности кои ги активираат мускулите на нозете, како што се одење, возење велосипед, пливање и разни вежби се корисни за вените.

Истегнете ги нозете секој час
Колку и да имате работа, станувајте после секој изминат час, одете во тоалет или само направете круг околу канцеларијата, истегнете ги нозете, направете три чучнувања и потоа вратете се на биро. Работата нема да ви трпи ако одвоите 2-3 минути за вашето здравје.
Едноставни вежби за вени во седечка положба
Изведете неколку едноставни вежби на секои половина час:
-Во седечка положба, кренете ги нозете до висина на колената, повторете го движењето најмалку пет пати. -Стиснете ги и олабавете ги листовите неколку пати, мрдајте со стапалата и прстите.
Веднаш ќе почувствувате олеснување. Треба само да создадете корисна навика која ќе ги одржува вашите вени здрави. И запомнете, човечкото тело не е создадено да седи туку да се движи.
Подигнете ги нозете над нивото на срцето

И ова е добар начин за спречување на проширени вени. Имено, после долго седење, кренете ги нозете над нивото на срцето во времетраење од половина час. Крвта што се акумулирала во нозете полесно ќе тече кон срцето. Ова ќе го намали притисокот во вените и ќе го намали ризикот од слабеење на венските залистоци и ѕидовите на вените. Со тоа ќе исчезнат отокот и чувството на тежина.
Чорапи и хулахопки со превентивна компресија
Превентивните чорапи и хулахопки се изработени од посебен, цврст и еластичен материјал кој дава потпора и благ притисок врз ѕидовите на вените. Од особена важност е чорапите и хулахопките да се произведени согласно европските стандарди за градуирана компресија. Притисокот е најголем во делот на глуждот и се намалува нагоре према колената и бедрата. Со помош на превентивната компресија се подобрува венската циркулација дури и во мирување, што е многу важно за лицата кои долго седат или стојат.