×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како да се справите со последиците од мозочен удар?

Како да се справите со последиците од мозочен удар?

Мозочниот удар е прва причина за инвалидитет во светот и втора причина за смрт. Настанува како последица на нарушување на циркулацијата во мозокот што доведува до прекин во снадбувањето со кислород и хранливи материи на одредени делови од мозокот. Како резултат на ова настанува  оштетување и изумирање на нервните клетки.

Мозочниот удар може да биде последица на тромб кој го попречува протокот на крв низ артеријата или од руптура (пукање) на аневризма на крвен сад со крварење во околното ткиво. 

Симптоми на мозочен удар

Симптомите на мозочниот удар зависат од степенот на оштетување на мозочното ткиво и местото каде е настанато оштетување на мозочната функција. Најчести симптоми на мозочен удар се слабост или одземеност на едната страна од телото, нарушување на говорот, видот или нарушување на рамнотежата и координацијата. Во англиското говорно подрачје, постои акроним FAST - кратенка која може да помогне брзо да се препознаат предупредувачките знаци и симптоми на мозочен удар (F - лице, A - рака, S - говор, T - време).

Три едноставни теста можат да помогнат брзо и лесно да се индетификуваат симптомите на мозочен удар:

  • Замолете го лицето за кое се сомневате дека има мозочен удар да се насмее (лице - F на FAST)
  • Побарајте од лицето да ги крене двете раце (раката - А на FAST)
  • Побарајте од лицето да зборува и да одговара на прашања (говор - S на FAST)

Доколку лицето не може или тешко ги извршува горенаведените тестови, потребно е веднаш да се повика брза помош (време - T на FAST)

Брзата реакција е клучна во моментите кога некој има мозочен удар. Со рано препознавање на знаците на мозочен удар и навремено лекување со современи медицински методи, може да се спаси животот на пациентот и значително да се влијае на позитивен исход од лекувањето.

Закрепнување по мозочен удар

По болничкото лекување секој пациент се враќа во својот дом. Битката за опоравување од мозочен удар трае 24 часа на ден, 7 дена во неделата и не завршува по болничкото лекување и периодот на рехабилитација.

Медицински помагала кои ќе му помогнат на пациентот во фазата на опоравување

Во продавниците на Медикус Хелп можете да најдете медицински производи и помагала кои можат да му помогнат на пациентот и да го олеснат престојот дома. Може да има потреба од помагала за инконтиненција во првите денови, медицински кревет,помагало за движење (бастун, патерица, одалка) или антидекубитални помагала (душек, перница...). За сите прашања и дополнителни совети, слободно контактирајте ја нашата најблиска специјализирана продавница.