×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Член од вашето семејство има ковид? Што треба да направите за да се заштитите

Член од вашето семејство има ковид? Што треба да направите за да се заштитите

Што треба да направите ако член од вашето семејство е позитивен на КОВИД-19? Во продолжение ви даваме неколку совети  како да се грижите за болниот а во исто време да заштите себеси и останатите членови во семејството од ширење на вирусот. 

Зошто болниот треба да се изолира?

Коронавирусот се шири преку близок контакт со заразено лице. Домот е најчесто место за ширење на вирусот. Според експертите за да се спречи ширењето, болниот треба веднаш да се изолира. Се препорачува да седи во посебна соба и по можност да користи посебен тоалет.

Меѓутоа, доколку не може да се изолира во посебна просторија, потребно е почесто да се проветрува, сите членови на семејството да носат заштитна маска и да бидат на што поголемо растојание.

Грижа за лице со КОВИД-19

Најголем дел од болните со КОВИД-19 можат безбедно да се лекуваат дома. Прво треба да се стапи во контакт со матичниот лекар и да се следат препораките. Препораките за домашна нега се следни:

  • Често да се проверува болниот, состојбата може многу брзо да се искомплицира. Доколку се јават знаци на тешко дишење, постојана болка во градите, сина боја на усните или лицето веднаш  треба да се повика брза помош. Се препорачува да се земе пулсоксиметар со кој ќе се следи нивото на кислород во крвта. Доколку сатурацијата падне под 90% веднаш да се побара лекарска помош.
  • Секогаш при рака треба да се има термометар за да се следи телесната температура. Исто така да се даваат лекови за намалување на симптомите, кои може да ги земете во аптека без рецепт.
  • Болниот треба да пие многу течности и да одмара.
  • Размислете кој бил во контакт со болниот и информирајте ги дека е позитивен на вирусот.
  • Понудете емоционална поддршка. Физичката изолираност може да доведе до појава на осаменост и анксиозност. Емоционалната поддршка е важна, затоа често правете видео разговори со болниот преку вашиот мобилен телефон.

Заштитете се себе си и другите членови на семејството

Да се грижите за член од вашето семејство кој има КОВИД-19, а истовремено да се заштите, бара голема претпазливост. Експертите препорачуваат:

  • Избегнувајте близок контакт со болното лице.
  • Доколку не сте во можност, сите членови треба да носат заштитна маска за да се спречи капките од плунка да одат во воздух и да го шират вирусот.
  • Често мијте ги рацете и избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата.
  • Редовно дезинфицирајте ги површините што ги допирате често како: квака од врата, чешми и прекинувачи за светло.
  • Не споделувајте лични предмети со болното лице. Измијте ги сите користени чаши и прибор за јадење со сјај за садови и топла вода (или во машина за миење садови).
  • Алиштата од болниот можете да ги перете заедно со алиштата на другите членови од семејството, но користете ракавици за еднократна употреба кога ги ставате во машина.
  • Не примајте гости во вашиот дом.

„КОВИД-19 често влегува од задна врата“ – се шири кога некој нема да ги почитува мерките на претпазливост или кога некој од семејството не внимава. Затоа, мора да бидеме многу внимателни со овие мерки на претпазливост.

Извор: Кливленд Клиник