Изнајмување на кислороден концетратор за домашна употреба. При изнајмување потребно е да се потпише договор да се платат две рати одеднаш, една рата за изнајмување и една рата како депозит која се враќа доколку апаратот не се оштети. При изнајмување на концетраторот потребно е да се сменат резервни филтри и кислородна маска.
Кислороден концентратор наменет за континуирана кислородна терапија за пациенти со хронични белодробни заболувања. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок. Има дигитален дисплеј на кој се подесуваат параметрите на апаратот.
Дополнително има можност за подесување на временскиот интервал за траење на терапијата. Има три слоен систем на филтрација (сунѓерест, карбонски и ХЕПА филтер) кој обезбедува кислорот со висок степен на чистота – 93% ± 3%. Дополнително има аларам за: ниско ниво на кислород (кога концентрацијата на кислород е помала од 82%), температура, за прекин на електрична енергија и за зголемување или намалување на притисокот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам