Најдобра заштита од загадувањето
Со зголемувањето на загадувањето во градските средини, драстично се зголеми бројот на лица кои имаат здравствени проблеми. Астма, алергија, проблеми со дишењето, главоболки, гадење и други потешкотии се јавуваат со зголемување на концентрацијата на ПМ2.5 и ПМ 10 честичките. Со секој вдишан воздух во услови на највисока загаденост ние му штетиме на нашето здравје. Но како да си помогнете.
Заштитни маски
За да се заштитат од загаденоста некои ги користат класичните хируршки маски. Но тие немаат никаква заштита. Нивната фукција е да ја заштитат околината и воздухот од бактерии и вируси од лицата кои се болни, а не обратно. Најдобро решение за заштита од штетните честички во воздухот, се заштитните маски, кои се со различен квалитет, спецификации и цена. За да сте потполно заштитени маските треба да ги задржуваат ПМ 10 и ПМ 2.5 честички како и од сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Пазарот е преполн со најразлични понуди, но кое е најдоброто решение за вас. Доколку барате маска која ќе ви пружи најдобра заштита тоагаш треба да бидат N95 и N99. Во продолжение ви објаснуваме што значат овие знаци и која маска ќе ви ја понуди најдобрата заштита.
Заштитна маска N95 и N99
ПМ 2.5 честички се најлесни и најдолго остануваат во воздухот и со секое вдишување се таложат во носот, грлото и белите дробови. Заштитната маска N95 има капацитет да филтрира 95% од ПМ 2.5 честичките од воздухот што го дишете. Додека пак N99 се со повисок степен на заштита и филтрираат и до 99% од ПМ 2.5 честичките. Овие маски имаат филтри кои се со рок од 40 часа активно носење. Друга карактеристика е специјалниот отвор кој овозможува воздухот на циркулира во еден правец, од маската кон надвор, и на тој начин се спречува создавање на влага и непријатност во маската.
За спортистите има специјални маски кои ја нудат истата заштита но нивниот дизајн е прилагоден за да овозможи удобност и повисок степен на заштита додека спортувате.
Медикус хелп во својата програма на заштитни маски, нуди маски со N99 како и специјализирани неопренски маски за спортисти.