×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Треба да направите 10 000 чекори дневно… Како да ги „вметнете“ во вашиот дневен распоред?

Треба да направите 10 000 чекори дневно… Како да ги „вметнете“ во вашиот дневен распоред?

Благодарение на современиот начин на живот кога се повеќе го користиме автомобилот, лифтот и другите превозни средства, оваа бројка навистина станува недостижна. Со оглед на тоа дека сите работиме и имаме се помалку слободно време – се чини дека не можете да се посветите на пешачењето.

Сепак тоа е можно и без да одвојувате екстра време за вежбање. Може ви изгледа неверојатно, но и покрај големиот број на обврски што ги имате преку ден, имате доволно време за тие фамозни 10 000 чекори кои ви се потребни за подобро здравје и слабеење. Во продолжение ви предлагаме 5 начини за да стигнете до дневната цел:

Апликација за мерење на чекори. На вашиот телефон инсталирајте бесплатна апликација која ќе ги мери вашите дневни чекори. Пробајте ја Samsung S health која ќе ги брои вашите чекори и неколку пати дневно ќе ве потсетува дека не сте направиле доволно чекори. На овој начин ќе станете свесни за вашите дневни активности.

Паркирајте се подалеку. Не морате да го оставите вашиот автомобил за да се движите повеќе. Паркирајте го автомобилот подалеку за да имате околу 5 -10 минути пешачење. Доколку се возите со јавен превоз симнете се неколку станици порано за да имате можност да пешачите.

И шопингот е активност. Проверете го вашиот педометар пред да одите на шопинг. Ќе се изненадите колку чекори ќе направите додека ги разгледувате излозите, купувате во маркет или сте во потрага по совршен пар чевли.

Пешачете со вашите деца до училиште. Ако имате мали деца и доколку можете пешки да ги однесете на училиште, тогаш немојте да го палите вашиот автомобил. Ова е идеален начин да ја достигнете посакуваната бројка, а во исто време ќе заштедите на бензин.

Прошетајте го вашето куче. Ова нека биде ваша дневна рутина. Немојте да излезете на 5 минути за вашето куче да ги заврши физиолошките потреби. Посветете му повеќе внимание на вашето милениче и прошетајте барем 30-тина минути. Секој викенд посветете му на вашето куче 10 000 чекори бидејќи и нему му се потребни.