Третман за лимфна дренажа
Лимфедемата е хронична болест и не може да биде излекувана, но со правилен и долгорочен третман можат да се постигнат многу добри резултати во подобрување на лимфната циркулација и истите (резултатите) да се одржуваат.
Најефективниот метод за третирање на лимфедема е комплетна деконгестивна физикална терапија (КДФТ)
Целта е првично да се деконгестираат (отпушат) зафатените екстемитети и да се намали отокот со помош на дневни третмани од мануелна лимфна дренажа(рачна масажа) и со помош на апликација на компресивни бандажери. За време на оваа фаза, терапевтот прави лимфна дренажа еднаш дневно за да помогне при одстанувањето на течноста од ткивото. Првата фаза на КДФТ обично трае и по неколку недели. Потоа следува фазата на одржување, но со тоа се почнува кога ќе се постигнат максималните резултати од првата фаза(масажа и бандажирање).
Целта на фазата на одржување е да ги задржи ефектите постигнати со првата фаза, поточно да се задржат мерките од обемот на екстремитети по третамнот во текот на целиот живот. Во фазата на одржување може да се јави потреба од повторување на методите од првата фаза на третманот. Фрекфенцијата на повторувањето ја одредува терапевтот во зависност од резултатите.
По завршувањето на првата фаза, дополнително се препорачува носење на комресивни помагала како замена за компресивните бандажери. Исто така се препорачуваат посебна нега на кожата и специјализирани вежби, како и одбрана исхрана.
Петте столба на КДФТ:
1.Мануелна Лимфна дренажа (МЛД)
Мануелната лимфна дренажа е техника на масирање која се изведува од обучен терапевт. Терапевтот користи одредени движења за да ја стимулира лимфната дренажа. Умерените механички стимули ги потикнуваат лимфните садови да работат поинтензивно и со тоа да помогнат при одстранувањето на лимфната течност од ткивото.
2.Компресивна терапија
Во деконгестивната фаза, по секоја МЛД се поставуваат компресивни бандажери. Ова се повторува секојдневно во оваа фаза, бидејќи без компресијата, отокот во екстремитетите, ќе се врати многу брзо по масажата. По првата фаза од третманот, во фазата на одржување се користат медицински компресивни ракавици или чорапи за да се превенира повторното јавување на едема(оток).
3.Хигиена и нега на кожа
Секојдневното негување на кожата со специјализирани производи е есенцијално за третирање на лимфедемата. Кожата на афектираните делови е посебно чуствителна и склона кон сувост и чешање. Инфекциите, инфламациите и проблемите со зараснување на раните се појавуваат често поради тоа што на горниот слој на кожата често му недостасува хидрација поради отоците и кожата не може да ја извршува својата заштитна функција. Затоа користењето на лосиони кои ќе ја хидрираат кожата е многу важно.
Совет: Не ги занемарувајте дури и најмалите иритации на кожата кои може да се јават. Доколку приметите промени на кожата, консултирајте се со дерматолог.
4.Вежби и гимнастика
Важно: Движете се константно и препорачливо веднаш по мануелната лимфна дренажа, иако носите компресивни бандажери. Движењето го поддржува оптималниот ефект од компресивната терапија.
5.Самоменаџирање и тренинг
За да се постигне максимален терапевтски успех, многу е важно пациентот да биде мотивиран и да учествува во третманот активно и независно, следејќи ги инструкциите на терапевтот. Личната посветеност е многу важна за пациентот да биде информиран и во целост да ја разбере важноста од третманите во сите фази.
Мали промени во однесувањето можат да допринесат до подобрена состојба. Неколку секојдневни совети за подобрување на состојбата со лимфедема.
- Грижете се за својата кожа и избегнувајте повреди. Пациентите со лимфоедема се подложни на инфекции.
- Релаксирајте ги нозете со регуларно вежбање.
- Практикувајте соодветни вежби (водна гимнастика/пливање) и спортови со низок ризик за повреди.
- Дезинфицирајте ја и најмалата рана најбрзо штом ја приметите.
- Доколку се соочите со црвенила, отоци или промена на телесната топлина, посетете веднаш доктор.
- Носете компресивни чорапи или ракавица секојдневно, посебно кога сте активни и/или спортувате.
Совет: Разговарајте со други луѓе кои имаат лимфоедема. Пациентите меѓу себе можат да си дадат многу корисни совети и да споделат лични искуства за третманите и нивните секојдневни животи со оваа состојба.