×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е ArthroVisc®40 и како делува ?

Што е ArthroVisc®40 и како делува ?

Што е хијалуронска киселина?

Хијалуронската киселина е главна компонента на синовијалната течност во зглобовите која ги амортизира ударите и ги подмачкува зглобовите. Вбризгувањето на хијалуронска киселина го намалува создавањето на проинфламаторни цитокини – супстанца која предизвикува воспаление и оштетување на зглобот. ArthroVisc®40 e иновативен препарат од премиум хијалуронска киселина кој ја враќа подвижноста и хомеостазата во зглобовите. Еден шприц ArthroVisc содржи 40 mg/2 ml невкрстена хијалуронска киселина (HA) со молекуларна тежина од 1500-2000 Kda, што обезбедува оптимален баланс на неговите механички и биолошки својства. 

Кои се ефектите од ArthroVisc®40?

  • Го намалува отокот и болката
  • Ја зголемува подвижноста на зглобот
  • Го намалува оштетувањето на зглобот и прогресот на артозата
  • Го забрзува процесот на закрепнување после повреда

Како изгледа интервенцијата со инјекција со ArthroVisc®40?

Хијалуронската киселина се вбризгува во оштетениот зглоб под контрола на ултразвук. Доколку постои излив на течност во зглобот, важно е прво истата да се отстрани со цел да се постигне оптимален ефект. Интервенцијата трае десетина минути.

Кои се индикации за примена на инјекција со хијалуронска киселина?

  • Артоза на коленото – гонартроза
  • Артроза на колк – коксартоза
  • Артроза на останатите зглобови
  • Спортска повреда
  • Остеоартрит

Кога треба да се примени инјекција со хијалуронска киселина?

Хијалуронската киселина има многу поголема ефикасност кај пораната артоза. Кај овој тип на пациенти се постигнува целосно елиминирање на болките. Исто така овој третман го успорува трошењето на ’рскавицата. Исто така за третман на дегенеративните заболувања препорачливо е третманот да се започне што е можно порано, затоа што со навремена реакција добиваме најдобар ефект.

Што треба да направам после третманот со ArthroVisc®40 ?

Првите 24 часа после третманот препорачливо е да мирувате, следите 24 часа треба постeпено да се активираат зглобовите во зависност од првичната дијагноза. Местото каде е вбризгана инјекцијата треба да го заштитите од вода наредните 6-12 часа после апликација. Третманот со ArthroVisc®40 идеално е да се комбинира со физикална терапија со цел да се постигнат оптималните резултати.

Кога започнува да делува хијалуронската киселина?

Кај некои пациенти првите позитивни реакции се приметуваат после првата инјекција. Понатаму постепени се чувствуваат промените. Полн ефект се постигнува 5 недели после третманот. За разлика од хијалуронската киселина, кортикостероидите (блокада) имаат побрз ефект, но тие се губат многу брзо.

Важно:

Пред апликација на ArthroVisc®40, задолжителна е консултација со доктор специјалист (ортопед или физијатар).