×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ана Божиноска Тодороска - "Ортопедските проблеми кои ги имав од порано до пред бременоста можеа да се толерираат, но како што одминуваа месеците болките беа се поинтензивни."

Ана Божиноска Тодороска - "Ортопедските проблеми кои ги имав од порано до пред бременоста можеа да се толерираат, но како што одминуваа месеците болките беа се поинтензивни."

Здраво, моето име е Ана Божиноска Тодороска. Мојата професија е логопед. Желбата да помагам на други луѓе кај мене се има појавено од најмали години. Моментално работам како координатор на услугата „Помош и нега во домот“ во Општинската организација на Црвен крст Кичево. Тука работам две години, а претходно околу три години работев како логопед. Посетуваме многу семинари и обуки и секојдневно сме во допир со лица на кои им е потреба несебична помош. Самото волонтирање во Црвен крст мене лично ме поттикна да продолжам со образование каде што понатаму и професионално ќе може да бидам во допир со лица на коишто навистина им е потребна несебична помош и поддршка.

Моментално имам 26 години и една прекрасна вест ми ја одбележa оваа година. Tоа е мојата бременост. Јас сум физички доста активна, таква бев и претходно пред бременоста. Посетував зумба и пешачев секојдневно, а и самата работа ми е таква да сум активна бидејќи голем дел од времето ми поминува на терен. Ортопедските проблеми кои ги имав од порано до пред бременоста можеа да се толерираат, но како што одминуваа месеците болките беа се поинтензивни. Чувствував тежина во нозете, а последните три месеци веќе имав оток на стапалата и специфична болка во петите. Со самото тоа веќе не можев да бидам активна како претходно.

Во разговор за мојот моментален проблем со близок пријател, добив информација дека има можност да користам ортопедски влошки. Непосредно после тоа дознав дека во мојот град ќе се одржи бесплатно скенирање на стапала од страна на физиотерапевт. Го направив тој преглед и врз основа на резултатите почнав да користам соодветни ортопедски влошки. Поради зголемениот притисок кој го правам врз петите, како последица на промената на телесната тежина ми одредија влошки со специјално растеретување на петата.

Искрено за околу недела дена веќе имаше промена. Од редовно носење на влошките отокот исчезна, а болката се намали. Ги користам веќе два месеци и моментално немам никаква болка.

Благодарение на моето искуство сакам ортопедските влошки да ги препорачам на сите жени, а посебно на оние кои се постојано активни и ги имаат сличните симптоми како моите. Дополнително сакам да споделам дека ортопедските влошки треба да користиме и превентивно. Бидејќи како што вели една поговорка која ја знаеме од постарите “подобро да се спречи отколку да се лекува”.