Bebax e детска ортоза koja e дизајнирана за прогресивна и динамична корекција на вродени деформитети на предното стапало.
Основна индикација за овој производ е Metatarsus adductus( Metatarsus Varus), а се користи и за корекција на Direct Talus, Talus Valgus, Pes varus и Pes supinatus.
Metatarsus adductus е вродена состојба на стапалата со која се раѓаат некои бебиња.
Коските, ткивото и прстите на предниот дел на стапалото се искривуваат навнатре. Третманот на оваа состојба во зависност стадиумот на
деформитетот може да биде со вежби за истегнување, гипс или корективни чевли. Ретко е потребна операција за да се корегира деформитетот.
Приближното времетраење на третманот со Bebax е околу 35 дена, со корегирање на позицијата на 5-ти ден, 14-ти и 21-ви ден. Ортозата се носи 24 часа. Не се препорачува за третман на вродено криво стапало (Clubfoot– Pes equinovarus congenitus) ниту пак е наменет за употреба при одење.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам