×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Која е вашата идеална позиција за спиење?

Која е вашата идеална позиција за спиење?

Доколку имате болки во телото, одредена позиција на спиење може да ви помогнe да се ослободите од болките во текот на ноќта. Во продолжение ве советуваме како да спиете:

1. Остеоартритис. Пациентите кои страдаат од остеоартритис, се препорачува да спијат на страна со колената свиткани (како положба на фетус). Ваквата положба доведува до ослободување на зглобовите а со тоа се ослободува притисокот и болките. Исто така со додатоци за подигнување на главата и зглобовите се ослободуваат од притисок и болка.

2. Дегенеративни болести на `рбетот. Пациентите со дегенеративни заболувања на дискот, се препорачува да спијат на стомак бидејќи се намалува притисокот врз дисковите. За да се чувствуваат најудобно, треба да користат душек од мемори пена или со поставување на перница под стомакот и колковите со што дополнително се намалува притисокот во долниот ден на грбот.

3. Спинална стеноза. Лицата кои имаат спинална стеноза се препорачува да спијат на страна со свиткани колена (положба на фетус). На овој начин се намалува притисокот врз коренот на нервите. Исто така може колената и главата да бидат подигнати, и на тој начин да го ослободат притисокот врз нервите.

4. Бурзитис. Пациентите кои имаат воспаление на бурзата на колковите, може да чувствуваат поголема болка доколку спијат на премногу цврст душек. Доколку душекот е мемори пена може да го ослободи притисокот а со тоа да ја намали болката докека спиете.

5. Болки во колкот. Пациентите кои имаа болки во колкот и кои спијат странично, може да ја намалат болката и притисокот доколку спијат со перница за тело. Се работи за долга и волуменозна перница, која се поставува помеѓу нозете и на тој начин се ослободуваат колковите од притисок а во исто време и од болка.