-750x750-pad.jpg)
-750x750-pad.jpg)
Надворешниот катетар ФУРИН е решение за дијареа и инконтиненција со максимална заштита и удобност. Овој производ е идеален за пациенти кои се соочуваат со дијареа или немаат можност за самостојно одење во тоалет. Дополнително овој производ може да го користат и неподвижни лица кои имаат проблеми со декубит.
Овој иновативен систем ја штити перианалната кожа од оштетувања, инфекции, неудобност и болка, кои често се јавуваат кај пациенти со клинички предизвикана инконтиненција проследена со дијареа. Со само една апликација, обезбедува до седум дена без непријатен мирис и без ограничување во движењето, овозможувајќи поголема независност.
ФУРИН е лесен за одржување, благодарение на затворениот систем што спречува протекување и ја намалува можноста за крос-контаминација помеѓу пациентите и медицинскиот персонал. Дополнително, го намалува времето потребно за нега, ја олеснува работата на персоналот и ги оптимизира болничките ресурси. Со ФУРИН, нема потреба од пелени и дополнителни средства за лекување на инфекции и иритирана кожа, а минималниот отпад гарантира хигиенска и пријатна околина.
Содржина на сетот:
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам