×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Знам какво е чувството кога не можете да стапнете на стапалото или ги чувствувате нозете претешки.

Знам какво е чувството кога не можете да стапнете на стапалото или ги чувствувате нозете претешки.

Здраво, моето име е Јованка Матевска. Моментално имам 63 години и сум доста физички активна. Веќе неколку години се грижам и ѝ помагам на личност која се бори со мултиплекс склероза. Посветеноста и емпатијата кон таа личност ме исполнува и ме прави среќна, но морам да споменам дека оваа борба не е нималку лесна, мојата работа вклучува секојдневна физичка активност и многу енергија. Со сопругот сакаме секое слободно време да го искористиме за прошетка и посетна на нови места. Воедно сум и баба на 4 внуци од кои 2 се сеуште мали кои бараат постојано да си во движење.

Со текот на годините почнав да чувствувам болки во нозете и отежнати стапала. Некое време се борев со болка во петата, ортопедот ми дијагностицира шилец во пета. Проблемов го споделив со мојата ќерка и за кратко време после тој разговор таа за мојот роденден ми подари обувки од брендот Arcopedico, кои ги купила од специјализирана продавница на Медикус Хелп. Обувките изгледаат како патики со лепенки. Внатре имаа мемори влошка која ми создаде удобно чувство на стапалата (посебно на петата). Исто така лепенките ми го олеснуваа процесот на облекување и соблекување. При првото облекување навистина се почуствува удобноста на патиките, иако немав доверба дека ќе го реши мојот проблем. И покрај мојата недоверба ги носев бидеќи ми беа удобни и убаво изгледаа. Помина една недела... следната недела веќе осетив некое олеснување. Ќерка ми, повторно ќе ја споменам ми се јави да ме праша како се чувствувам. Споделив со неа дека нозете не ми се веќе отежнати.

Се ближеше пролет, а воедно и 8ми март. Овој пат добив друг подарок, но брендот не се промени. Добив еспадрили со мерцилизиран конец кои се многу лесни на нога. Чувството беше како да носам само чорапи. Болката во нозете беше целосно исчезната. Толку добро чувство на удобност не ми обезбедила ниту една обувка до тогаш.

Кога се качија темпертатурите не можев да одолеам на сандалите. Купив кожни сандали со повишување кај петата. Кожата беше ултра мека и удобна на нога. Исто и овој модел има мемори влошка која ми помогна да не се појави повторни болката од шилецот. Искрено веќе не се ни сеќавам на болката од пред неколку месеци. Јас станав зависна од обувките.

Оваа есен мојата лична колекција ја обновив со патики. Новата есен-зима колекција ме воодушеви. Јас се одлучив за патики, повторно со лепенки, мемори влошка, и гумиран ѓон за сигурно чекорење. Ова е идеалната комбинација од која моите стапала се препородија.

Зошто ги споделувам овие информации со вас?

Јас сакам најискрено да го споделам моето искусво и да помогнам на што е можно повеќе жени. Знам какво е чувството кога не можете да стапнете на стапалото (петата) или ги чувствувате нозете претешки. Без разлика дали имате проблем со шилец во пета, Hallux valgus (кокалче), отежнати стапала, отечени нозе или деформитети на стапалата, обувките Аркопедико Ви нудат удобност како никои до сега. Кога избирате обувки, одберете го само најдоброто за Вашите стапала.