Што точно е PRP терапија?
Што означува терапија со плазма збогатена со тромбоцити?
Терапијата со ПРП (плазма збогатена со тромбоцити) е решение кое го забрзува лекувањето кај повреди на тетивите и остеоартритис целосно природно без изложување на пациентот на поголеми ризици. Овој пристап претставува спој на најсовремена технологија со природната способност на телото за самолекување. Првобитно, пред 20 години ПРП технологијата се користела за лекување на рани и состојби поврзани со губиток на крв.
Во денешно време оваа технологија се користи за лекување на дегенеративни промени на зглобови (гонартроза, остеоартитис, артитис) повреди на мускуло-скелетен систем (спортски повреди, повреди на мускули, лигаменти и тетиви).
Кои се предностите од ПРП третманот?
Пациентите можат да очекуваат значително подобрување на симптомите на болка, но и елиминирање на традиционалното лекување како што се лековите, терапија со кортикостероиди или операција.
Колку брзо ќе можам да се вратам на редовните физички активности?
Овој третман не е “брза поправка” и е наменет за унапредување на лекувањето на подолг рок. Процесот на ПРП е третман кој бара време и рехабилитација. Пациентите кои се придржуваат до препорачаната физикална терпија ќе забележат големо подобрување кај третираниот дел од телото. ПРП го забрзува и скратува процесот на заздравување кај хроничните повреди, но и кај новите акутни повреди.
Одредени студии за лекување на “тениски лакт” покажаа 81% подобрување на болката во период од 6 месеци и 93% намалување на болката во наредните 1 до 3 години.
Во текот на редовните контроли после третманот, Вашиот доктор ќе одреди кога ќе можете на продолжите со редовните физички активности.
Како фунционира ПРП?
Користејќи ја сопствената крв од пациентот, се добиваат посебно филтрирани тромбоцитите кои повторно се вбризгуваат во делот од телото кој се лекува. За време на целата процедура се користи ултразвук со цел да се постигне максимална прецизност. Вака издвоени тромбоцитите ослободуваат супстанции познати како „фактори за раст” кои овозможуваат заздравување на ткивото. На пример кога ќе се пресечете, природниот одговор на телото е да ги привлече тромбоцитите кои ослободуваат фактор на раст и овозможуваат заздравување на раната.
Човечкото тело има неверојатна способност за самолекување и ние тој процес на природно заздравување го овозможуваме со повторно вбризгување на концетрирани тромбоцити.
Како да се подготвам за ПРП третманот?
Пациентот најпрво треба да закаже преглед за да дознае дали ПРП терапијата е соодветна за неговото лекување. Пред апликацијата може да се направи магнетна резонанца или мускулно-скелетен ултразвук за да се утврди вистинската дијагноза и да се елиминираат состојби кој треба да се лекуваат хирушки.
Самиот процес на апликација најчесто трае еден час и се извршува во амбулантни услови. Не треба да се користат анти-инфламаторни лекови една недела пред или после третманот бидејќи може да се намали успешноста на лекувањето.
Во зависност од степенот на заболување на пациентот може да бидат потребни од 1 до 3 третмани.
Како да го негувам местото на убод после лекувањето?
На почетокот процедурата може да предизвика локална осетливост и нелагодност. Се препорачува пациентот да дојде со придружба која ќе му помогне при враќањето дома. Пациентот може да става ладни облоги по потреба на третираното место. После една недела пациентот би требало да започне со физикална терапија. Задолжитено известете го вашиот доктор доколку се појави некаква алергиска реакција. Доколку не сте сигурни контактирајте го вашиот матичен лекар.