×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Време е за зимски спортови

Време е за зимски спортови

Зимата пристигна, a со неа и вистинската радост за љубителите на зимските спортови. Од скијање и сноубординг, до санкање и планинарење, зимските спортови нудат различен вид на забава. Сепак со овие адреналински спортови мора да бидеме внимателни бидејќи оваа забава може да доведе до зголемен ризик од повреди и проблеми со циркулацијата.

Дали сте подготвени за зимските спортови?

Првиот чекор пред влегување во светот на зимските спортови е подготовката. Физичка активност е клучна за активирање на мускулите и стабилизирање на телото. Пред да ги испробате адреналинските спортови како скијање или сноубординг, започнете секојдневна активност со која ќе ги зајакнете мускулите кои се најмногу вклучени во вашиот избран спорт.

Ортоза за заштита на зглобовите и мускулите

Зимските спортови, особено скијањето и сноубордингот, ги изложуваат зглобовите и мускулите на зголемен ризик од повреда. Ортозите се специјално дизајнирани помагала кои Ви обезбедуваат поголема сигурност во движењето. На пример, ортозите за колена можат да ги стабилизираат зглобовите и да превенираат од повреди. Ова е особено важно кај скијачите кои ги изложуваат своите колена на значителен притисок. Најбитно во изборот на ортоза е да Ви ја даде потребната поддршка, но притоа да не го ограничи движењето на зглобот.

Повреда при зимски спорт

Независно од подготовката и превентивните мерки, повредата сепак може да настане. Важно е да ги препознаете симптомите и да знаете како да постапите. Доколку се појави каква било форма на оток ставете ладна облога на местото. Таа ќе ја апсорбира топлината од траумата и ќе го намали отокот. Следно и задолжително е посета на лекар. Понатаму ќе се придржувате на препораките на докторот или физиотерапевтот. Некои лица можеби ќе треба да посетат физикална терапија или да користат ортоза за имобилизација.

Зголемен ризик од проблем со циркулација

Зимските температури можат да создадат проблем со циркулацијата. Долгите периоди на изложеност на студено време можат да резултираат во зголемен ризик од смрзнување и други проблеми со циркулацијата. Додека ги уживате зимските спортови, внимавајте на сигналите кои Ви ги дава телото и облечете се со соодветна облека. Земете компресивни чорапи кои ја подобруваат циркулацијата и волнени влошки кој ќе го изолираат студот од снегот и ниските температури.

Безбедност и уживање во зимските спортови

Балансот помеѓу уживањето во зимските спортови и одржувањето на здравјето е многу важно. Тој вклучува повеќе аспекти, подготовката, превентивна безбедност и брза реакција при повреда. Не заборавајте да уживате во зимските денови, но правете го тоа внимателно и грижете се за вашето општо здравје и безбедност.