Влошките Igli се составени од флексибилна карбонска подлога со стикери кои дополнително се аплицираат. Овие влошки се полуготови и се дообработуваат според индивидуалните потреби на клиентот.
Влошките Igli се составени од флексибилна карбонска подлога со стикери кои дополнително се аплицираат. Овие влошки се полуготови и се дообработуваат според индивидуалните потреби на клиентот. Претходно на клиентот се прави скенирање на стапалото и детална анализа, со цел да се дијагностицираат деформитетите и точките на притисок. По направената анализа, влошката се дообработува, според резултатите од скенирањето, со апликација на стикерите во точките кои се со најмал притисок при движење и стоење. По апликацијата на стикерите, притисокот се распоредува на целото стапало и се коригираат деформитетите. Овие патентирани влошки, покрај тоа што имаат уникатен систем на лекување, се многу удобни и не го ограничува движењето на стапалото. Достапни се два модела: comfort I active.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам