Spinomed® е корсет кој со секојдневно носење се намалува болката, се корегира постурата и се зајакнуваат мускулите на грбот и стомакот. Ортозата е дискретна, лесна за поставување и удобна за секојдневно носење.
*лица до 18 години се ослободени од партиципација
Големина | Должина на грб |
XS | <42 |
S | 41-48 |
M | 47-54 |
L | 53-60 |
XL | 59-66 |
*сите димензии се изразени во сантиметри
Динамичен корсет составен од лесна метална (алуминиумска) шина и систем ремени за фиксирање кои овозможуваат растеретување и корегирање на кривините на рбетниот столб, а притоа ја активираат мускулатурата на принцип на биофидбек. Лесно свитливата шина, без употреба на топлина или голема сила, едноставно се моделира според индивидуалните потреби на пациентот. Едноставен за поставување (како ставање ранец на грб) и за фиксирање со ремените со велкро лепенки. Не пречи на градниот кош и абдоминалното дишење, а не ги ограничува ни движењата на рацете и рамената. Незабележителен е под облеката. Со активирање на грбните мускули се зајакнува кичмата и се редуцира кифозата, се зголемува мобилноста и се намалува болката.
Ортопед, Физијатар или Хирург
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам