SILTEX® Breast Implants / Round BECKER служи како ткивен експандер и како имплант за дојка. Се користи за примарна или секундарна реконструкција на дојка по направена мастектомија. Со хируршка интервенција прво се поставува имплантот. Потоа во период од шест месеци, преку посебна порта, имплантот постепено се полни со физиолошки раствор за да го рашири ткивото и да се формира дојка. Откако ќе се добие посакуваната големина, портата за полнење се отстранува. Предноста за полнење на внатрешноста на имплантот му дава можност на докторот да ја контролира количината на посакуваната експанзија.
За Mentor:
Mentor Worldwide LLC, е основана во 1969 година и е водечки производител на медицински производи за естетска и реконструктивна хирургија, присутна во повеќе од 100 земји во светот
Ментор е водечки производител на висококвалитетни импланти за дојки, со долгогодишно искуство кое резултира со квалитетни производи на кои можете да се потпрете. Ментор континуирано спроведува истражувања, развој и производство во повеќе објекти низ Европа и САД. Исто така компанијата има продажни и дистрибутивни центри ширум светот. Во 1995 година Ментор стана првиот производител на импланти кој ја доби ознаката CE на своите производи.
Ментор е горд на квалитетот кој е вграден во секој имплант за дојки и можете да бидете сигурни дека зад вашата одлука да ги користите нашите производи стои компанија која ги разбира вашите очекувања и желби и навистина се грижи за Вас.
Како водечки светски производител на импланти за дојка, повеќе од 30 години Ментор е прв избор на милиони жени во светот. Нашата евиденција за квалитет и иновации ни овозможува да одиме напред и над индустриските стандарди со најопсежниот план за заштита MENTORPromise. Со одбирање на импланти од Ментор вие добивате:
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам