Turin FB едноделниот костим за капење комбинира иновативен дизајн и функционалност за сигурна поддршка, удобност и елегантна силуета. Amoena Wave Seam технологијата на подградниот појас овозможува дополнителна странична поддршка .
Внатрешниот горен дел е со интегрирани џебови од двете страни и меки перничиња обезбедува сигурно поставување и прикривање на нерамнини. Поставата во предниот дел и горниот дел од грбот ја обликува фигурата, додека долниот дел од грбот има екстра мека, непроѕирна постава за дополнителна удобност.
Изработен со LYCRA® XTRA LIFE™ влакна за долготрајно задржување на формата и висока отпорност на хлор. Моделот е со дезен во земјени тонови во комбинација со црна боја. Материјалот нуди UV заштита 50+ за чувствителна кожа и лузни.
Состав: 80% Полиамид, 20% Еластан
Одржување: Рачно перење на 30°C. Да не се избелува. Да не се суши во машина. Да не се пегла. Да не се чисти хемиски .
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам