


Ортоза за корекција на деформитети на стапалото, дизајнирана да обезбеди одмор и физиолошка позиција по хируршки зафати на коските или меките ткива на стапалото и глуждот. Изработена е со прилагодлива Т-шина на ѓонот, која овозможува поставување на стапалото на соодветна висина и агол на ротација.
Големина | Број на чевли |
S | 34-37 |
M | 38-41 |
L | 42-45 |
Погодна е за пациенти со хемиплегија, параплегија, повреди на периферни нерви, постоперативна нега на Ахиловата тетива, како и по фрактури на стапалото и глуждот.
Дополнително, се користи за стабилизирање на колкот и глуждот во случаи кога е потребен продолжен одмор во кревет.
Изработена е од издржлив 3мм полиетиленски материјал, со прилагодлива Т-шина на ѓонот, која овозможува поставување на стапалото на соодветна висина и агол на ротација.
За зголемена удобност, внатрешноста на ортозата е обложена со меки перничиња од сунѓер и текстил, кои лесно се отстрануваат и перат по потреба.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам