Шанцова кравата Филаделфија за имобилизација на `рбетот во вратниот дел.
*лица до 18 години се ослободени од партиципација
Големина | Обем на врат |
S | 25,4-33,0 |
M | 33,0-40,6 |
L | 40,6-48,3 |
XL | +48,3 |
*сите димензии се изразени во сантиметри
Филаделфија е тврда шанцова кравата составена од два дела-преден и заден дел кои се поврзани со лепенки од двете страни за лесно поставување и отстранување без да се помести пациентот. Дава целосна поддршка на вратот а делот за поставување на брадата овозможува правилна положба на главата и вратот и соодветна имобилизација. Направена е од поцврст материјал, без латекс, со отвор во средината во случај да има потреба од трахеотомија. Исто така отворот обезбедува добра вентилација за поголема удобност на пациентот и помага во намалување на топлината и влагата.
Во сите случаи кога е потребна итна имобилизација:
Тендонит;
Контрактурална диатеза;
Лигаменто-мускулни лезии;
Трауми на вратот;
Постоперативно после интервенции во пределот на вратот.
Q68.0 конгенитална деформација на стерноклеидомастоидниот мускул;
M50( M50.0-M50.9) заболување на цервикален диск;
M53.0 цервикокранијален синдром;
M53.1 цервикобрахиален синдром;
M53.2 рбетни нестабилности;
S12(S12.0-S12.9) фрактура на вратот;
S13 ( S13.0-S13.6) дислокации,шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите на ниво на вратот;
S16 повреда на мускул и тетива на ниво на вратот;
T91.1 секвели од фрактури на ‘рбетот
Ортопед, Физијатар или Хирург
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам